Аеродромот во Сана прекина со работа поради „значителна штета“ од израелски напади

Аеродромот на главниот град на Јемен, Сана, прекина со работа поради израелски напади.
Управата на аеродромот соопшти дека летовите се прекинати поради „значителната штета“ нанесена од израелското гранатирање.
– По ционистичката агресија врз меѓународниот аеродром во Сана, која нанесе значителна штета, беше одлучено да се откажат сите летови, од и до аеродромот, до следно известување, изјави генералниот директор на аеродромот Халед аш Шаеф.
Израелската армија вчера соопшти дека го „онеспособила меѓународниот аеродром на јеменскиот главен град“.
Политичкиот лидер на јеменските бунтовници Хути, Махди ал Машад, синоќа изјави дека тие ќе продолжат со нападите врз Израел.