Аеродромот во Дњепро потполно уништен од руски ракети


 

Русите со ракатен напад го погодија аеродромот во градот њепро на централниот исток на Украина и едно село во регионот, рече денеска за „Телеграм“ висок функционир на воената управа Валентин Резниченко.

„Дојде до уште еден напад на аеродромот „Дњепар“. Веќе беше потполно уништен, и самиот аеродром и инфраструктурата во близина. Но, проектилите и понатаму летаат“, вели Резниченко.

Додаде дека во местото Звонецки погоден е инфраструктурен објект, а надлежните се обидуваат да добијат повеќе информации за штетата и жртвите.

Руската војска својата инвазија во Украина последните два дена ја насочија кон истокот на земјата. Аеродромите се честа мета на напади веројатно со цел да се спречи достава на воена помош на Украина.