Без струја делови од неколку скопски општини


Фото: Б. Грданоски

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Гази Баба, Аеродром, Бутел, Кисела Вода и Илинден.

Од 08:25 до 11:25 часот без струја ќе бидат улиците Зеничка и Коце Металец, а во периодот од 11:25 до 14:25 часот потрошувачите од ул.Душан Тасковиќ и Тајмиште во општина Гази Баба.

Во периодот од 08:30 до 14:00 часот струја ќе немаат корисниците на ул.Ѓорѓи Капчев во општина Аеродром, а од 09:00 до 10:30 часот дел од ул 1,Визбегово и ул.Камени Мост и некои од објектите на фирмата Семата во општина Бутел.

Без електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат и корисниците во Дрво Декор во Драчево, додека од 12 до 14 часот улицата „Коста Новаковиќ“ од маркетот ЗУР до крај на улицата во општина Кисела Вода. 

Од 11:00 до 12:00 часот струја ќе немаат потрошувачите од ул.532 во Марино во општина Илинден.