Трамп очекува помош за Иран бидејќи „ја помагал“ Украина
„Ние му помагаме на НАТО со Украина, па затоа НАТО треба да им помогне на САД да го одржат Ормутскиот теснец отворен.“
Со овие зборови претседателот на САД, Доналд Трамп, се обидува да ги убеди европските сојузници од НАТО да учествуваат во деблокадата на Ормутскиот теснец, предизвикана од војната што ја започна самиот со Израел и за која не консултираше никого од Европа или НАТО. Уште повеќе Трамп се запраша самиот зошто воопшто САД треба да бидат таму, во Ормутскиот теснец, кога САД имаат нафта и не им треба таа што сега не може да се извезе од тој регион.
Фактите сепак зборуваат нешто друго. Освен што врши притисок да се ослободи купувањето нафта од Русија со што и обезбедува пари да ја протолжи војната против Укераина, Трамп ја суспендираше целата помош за Украина по неговата инаугурација. Ниту еден цент од САД не оди во Украина, па европските земји практично купуваат американско оружје за да и помогнат на земјата да се брани од Русија.Практично САД профитираат од војната на Русија против украина, а не и помагаат. Табелата подоле ги покажува фактите.
