(ВИДЕО) Владата даде виза за законот за аудио-визуелни услуги, се чека реформа на МРТ


Усвоена е стратетијата и акцискиот план за културата, следат темелни реформи, преструктуирање и обнова на културниот систем. Очекуваме учество и придонес на јавноста во овој процес, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски, соопштувајќи дел од одлуките од денешната седница нa кабинетот на Зоран Заев.

Денес е усвоен и законот за  аудио и аудио – визуелни услуги. Основна цел на овие измени е департизација и професионализација на јавниот радиодифузен сервис, како и на регулаторното тело Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги.

Утврдено е дека регулаторната комисија за енегетика ги пречекорила сите рокови за имплементација на подзаконските акти со кои поскапеа водните услуги во Макеоднија. Овие промени требало да се случат во октомври 2016 година, а се започнати по локалните избори во 2017 година.

Владата, исто така,  ја утврди Стратегијата за реформа на јавната админстрација 2018 – 2022 година.