Студија: Малите деца може да препознаат како се чувствуваат луѓето и ако носат маска
Според најновото истражување, малите деца често можат да препознаат како се чувствуваат луѓето, дури и ако носат маска за лице.
Многумина беа загрижени дека поради носењето маски во училиште во текот на пандемијата може да наштети на развојот на малите деца, но оваа студија покажува дека децата препознаваат емоции кај другите без разлика дали тие носат маска или не.
Децата точно ги препознаваа емоциите
Стручњаците од Универзитетската болница во Лозана, Швајцарија, им покажаа во текот на студијата 90 случајно избрани фотографии на 300 деца на возраст од 3 до 6 години. На фотографиите биле актери кои изразувале, радост, тага, лутина, а на половина од фотографиите носеле маски.
Научниците барале од децата да кажат како се чувствува човекот на фотографијата или да покажат на емотикон со прикажата емоција, без оглед на тоа дали човекот носи маска или не.
Малите деца со 70 отсто точност препознале емоција на фотографиите без маска, и 67 отсто на они со маска. Колку поголемо било детето, поточно одредувало емоција.
„Осд истражувањето јасно се гледа сека маските нема да наштетат на развојот на детето“
Психологот Ешли Руба од Универзитетот Висконсин-Мадисон која не учествувала во истражувањето, вели дека во текот на пандемијата правела слично истражување и резултатите биле исти.
„Малите деца, може дури и со носење маски, разумно да заклучат какви емоцции покажуваат другите. Сакам да истакнам дека лицето не е најважниот начин за комуникација на нашите емоции. Ги изразуваме и со тонот на гласот, држењето на телото и други видови контекстуални знаци кои може да ги регистрираат децата и возрасните“. вели таа.
„За разбирање на јазикот важно е децата да може да читаат од уста, но од истражувањата јано се покажа дека носењето маски нема да наштети на развојот на децата“, додава таа.