Прогноза на Беќаровски: По пеколната недела, следува неконтролиран раст на Ковид статистиката
По пеколната недела со високи температури во земјава, докторот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија прогнозира неконтролиран раст на бројот случаи со корона вирус.
– По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44°С, од 10-ти август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката – пишува д-р Беќаровски, во негвата, како што вели скромна АВГУСТОВСКА прогноза за Македонија.
– Почитувани мои здравствени работници и соработници, искористете ги следниве 10 дена да се разладите во солена/слатка/кисела вода, а потоа повторно “ќе пливаме” во сопствената пот, под скафандерите и маските. Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот – додава Беќаровски.
Дека бројот на случаи со корона вирус полека расте деновиве потврдува и официјалната статистика од Институтот за јавно здравје, која вчера изброја 81 нов случа, ден претходно 74, а пред тоа 54.