Глечер во Индија удри во брана – меѓу 100 и 150 мртви

Глечер во Индија удри во брана – меѓу 100 и 150 мртви
Се стравува дека меѓу 100 и 150 лица го загубија животот во неделата во индија откако дел од глечер се откачи од Хималаите и удри во брана, објавија властите.
„Точниот број не е потврден“, но се стравува дека има меѓу 100 и 150 жртви, вели главниот секретар на државата Утарканд, Ом Пракаш во која се случи несреќата.
Во тек е евакуација на жителите во близина на реката која се полни со вода од глечерот и во која порасна водостојот.
Сведоци опишаа дека имало ѕид од прашина, камења и водадодека лавината се спуштала кон долината на реката.
„Стиган брзо, немаше време да се предупредат луѓето“, вели жител на тоа подрачје. „Мислев дека и нас ќе не однесе“.
Жителите стравуваа дека вработените во хидроцентралата се мртви, како и селани во близина на реката кои барале дрва за огрев или воделе стока на пасење.
„Енергетскиот проект е оштетен, поради што расте водостојот на реката“, објави локалната полиција на Твитер и ги повика сите кои живеат покрај неа, да го напуштат подрачјето.
Телевизиски снимки покажуваат дека водата надоаѓа кон браната и дека носи сè на нејзиниот пат.
Сепак, реката го акомулирала дополнителното количество вода и нејзиното ниво почнува да паѓа.