Пентагон ќе распореди 1.000 војници за помош при вакцинацијата

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин го одобри барањето на Сојузната агенција за управување во итни ситуации за распоредување на повеќе од 1.000 активни војници како помош при вакцинирањето, објави во петокот Белата куќа.
Таа акција ќе почне во калифорнија околу 15 февруари, аподоцна ќе се прошири на дополнителни места за вакцинација.
„Клучната улога на војската ќе овозможи вакцинирање на илјадници луѓе дневно, за да се осигура дека секој Американец кој сака да биде вакциниран ќе биде„, рече Енди Славит, управитен на центарот Медикеар.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе го искористи Законот за одбранбено производство против ширењето на Ковид-19 за зајакнување на производството на заштитна опрема и ковид-тестови за домашна употреба.
Во пандемијата од корона вирус досега во САД починаа повеќе од 4.500 луше, а заразени се речиси 27 милиони луѓе, според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“.