30 години Diners во Македонија – Милчо Манчевски режисер на спотот!

Спотот ја доживеа својата промоција во година на две големи јубилеи – 30 години Diners во Македонија и 30 години од култниот филм "Пред дождот"


Diners Македонија слави 30 години од своето основање, светски познатиот режисер Милчо Манчевски создаде уникатен ТВ спот со работен наслов „Afterparty“. Оваа соработка доаѓа токму во година во која се одбележуваат и 30 години од излегувањето на култниот филм „Пред дождот“ – едно од најважните дела на Манчевски.

ТВ спотот „Afterparty“ носи енергија и забавен дух, кој совршено се вклопува во мотото на Diners Club – „Кога сакаш повеќе“. Спотот ги прикажува популарните македонски актери, Никола Ристески и Ана Стојановска, како уживаат во нивната приватна „afterparty“ забава до утринските часови. Освен нив, една од главните „звезди“ на спотот е познатиот и вкусен бурек, деликатес кој често се поврзува со доцните забави низ Скопје и Македонија, па природно, Манчевски му го најде неговото место и овде.

Овој спот не само што го прославува Diners како бренд, туку и ја зајакнува неговата врска со локалната култура и македонските потрошувачи. Со над 30 години во Македонија, Diners Club беше првата кредитна картичка во земјата и се етаблираше како симбол за престиж, финансиска флексибилност и ексклузивни привилегии. Со спотот „Afterparty“, Diners повторно ја нагласува својата позиција како водечки бренд за сите оние кои сакаат повеќе од животот – повеќе забава, повеќе привилегии и повеќе искуства.

 

Комерцијален текст