23 октомври во историјата – Се самоуби Брут, убиецот на Цезар


 

Маркус Јуниј Брут, водечки заговорник во атентатот на Јулиј Цезар, умира со самоубиство по неговиот пораз во втората битка кај Филипи.

Две години пред тоа, Брут му се придружил на Гај Касиj Лонгинус во заговорот против римскиот диктатор Јулиј Цезар, верувајќи дека тој задавал удар за обновување на Римската Република. Сепак, резултатот од атентатот на Цезар беше да се втурне римскиот свет во нова рунда граѓански војни, при што републиканските сили на Брут и Касиј се борат за превласт против Октавијан и Маркo Антониј. Откако бeшe поразен од Антониј во битката во Филипи, Грција, во октомври 42 п.н.е., Касиј се самоуби. На 23 октомври, војската на Брут e уништена од Октавијан и Антониј при втората битка кај Филипи, а Брут си го одзеде животот.

Антониј и Октавијан набрзо се свртеа еден против друг, а во 27 п.н.е. Римската Република била изгубена засекогаш со издигнувањето на Октавијан како Август Цезар, првиот император на Рим.