УНИЦЕФ основа Бизнис советодавен одбор: Хоџа, Јакимовска, Марковиќ, Мукаетов, Штериев и Велјановска за поддршка на децата


УНИЦЕФ основа Бизнис советодавен одбор (Business Advisory Council – BAC) во Северна Македонија, обединувајќи истакнати претставници од бизнис заедницата кои се посветени на унапредување на правата и благосостојбата на децата преку одговорни деловни практики, иновации, застапување и партнерства. Одборот го сочинуваат Неби Хоџа (Oxa Group), Ирена Јакимовска (Комфи Ангел), Горан Марковиќ (Македонски Телеком), Живко Мукаетов […]

Дан го номинираше Мурешан за мандатар на романската влада


Претседателот на Романија, Никошур Дан денеска го номинираше европратеникот и член на романската Национална либерална партија (ПНЛ) Зигфрид Мурешан за нов премиер. Мурешан (44) сега има рок од десет дена да состави влада и да добие доверба во парламентот. Дан претходно номинираше двајца кандидати, неговиот советник Еуген Томац, кој се повлече пред дури и да […]

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата


 На денешните антивладини протести во Тирана приведени се 11 луѓе откако демонстрантите се судрија со полицијата на повеќе места во градот. Протест почна пред албанскиот парламент, а демонстрантите се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон, а потоа се прошири и на булеварите, кога насобраниот народ се обиде да го пробие полицискиот кордон и да стигне […]

Порази на македонските репрезентации на второто ден од шаховската Олимпијада


 Второто коло на шаховската Олимпијада во узбекистанскиот град Самарканд донесе денеска порази на македонските репрезентации во машка и женска конкуренција. Македонските шахисти, по стартната победа над Кајманските острови од 4-0, попладнево претрпеа пораз од Холандија со 2.5-1.5. Никола Николовски на четвртата табла освои цел поен, Филип Панчевски ремизираше на третата табла, додека Емил Ристески на […]

Директорот на БЈБ, Јанев: Поради недоволни резултати сменета единицата за борба против дрогата во Куманово


По единаесет недели од формирањето на Работниот тим за борба против дрогата, констатирани се недоволни резултати. Поради тоа, на предлог на директорот Јанев, со одобрение од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, распуштена е регионалната организациска единица во рамки на криминалистичката полиција при Секторот за внатрешни работи Куманово, задолжена за борба против трговијата со дрога. […]

И овој викенд „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“ во Кисела Вода


Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Република Македонија и со „Киноверзум“, и овој викенд ја организира манифестацијата „Кино на отворено“. Настанот ќе се одржи на 19 и 20 септември, сабота и недела, во паркот „Македонија“ во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“. Програмата носи внимателно селектирана филмска содржина за сите генерации. Вечерите […]

Крводарителска акција во сабота во ЗОО Скопје: Дарувај крв, спаси живот!


Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош организира крводарителска акција на која ги повикува сите хумани граѓани да се вклучат и со своето дарување да помогнат во спасување човечки животи. Акцијата ќе се одржи во сабота, 19 септември, од 11:00 до 18:00 часот, во Едукативниот центар на Зоолошката градина Скопје. Крв може да дарува […]

Дете претепано во школски двор во Ѓорче, тешко е повредено


Дете е тешко повредено при тепачка во школски двор во скопско Ѓорче. Било нападнато од група малолетници.  – На 16.09.2026 околу 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал, […]

Стојков: Не ни фалат никакви документи, бугарските судови постојано измислуваат нови барања за регистрација!


Не се вистинити тврдењата дека нам постојано ни недостигаат некои документи потребни за судска регистрација, бидејќи секогаш доставуваме комплетни документи. Проблем е што надлежните бугарски органи постојано измислуваат дека се потребни нови и нови, реагира Стојко Стојков, копретседател на организацијата на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“ – Пирин  Тој реагира на изјавата на актуелната бугарска […]

Во БиХ запленети 1,1 тони синтетичка дрога во вредност од 33 милиони евра


 Властите на Босна и Херцеговина денеска објави дека во близина на Сараево се откриени и запленети рекордни 1,1 тони синтетичка дрога катинон, чија вредност на наркопазарот се проценува на 33 милиони евра. За време на дводневната акција приведено е едно лице, а запленети се и други доказни материјали, огнено оружје, мобилни телефони и документација. Запленетиот […]

Групацијата „Балфин“ ќе гради пет нови ритејл паркови во различни градови низ Македонија


Групацијата „Балфин“ (BALFIN Group) соопшти дека ја продолжува својата инвестициска експанзија во Македонија преку развој на ритејл паркови — формат кој сè повеќе станува дел од современите потрошувачки навики и урбаниот развој во регионот. По позиционирањето на East Gate Mall како еден од најзначајните трговски центри во земјата, групацијата го проширува своето портфолио со најавената […]

Скопјанец снимал со дрон во Аеродром без да има соодветна дозвола, па бил приведен


Скопјанец бил приведен синоќа поради неовластено снимање со дрон. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера околу 21:00 часот на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.А.(34) од Скопје, поради неовластено снимање со дрон без соодветна дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Шведскиот премиер Кристерсон поднесе оставка по поразот на изборите


 Шведскиот премиер Улф Кристерсон ја објави својата оставка откога прелиминарните резултати од изборите денеска потврдија дека левичарската опозиција победила на парламентарните избори во земјата, јави ДПА. Кристерсон на платформата „Икс“ го објави своето писмо за оставка поднесено до претседателот на парламентот, во кое наведува дека изборниот резултат го комплицирал формирањето нова влада. Премиерот во заминување […]

Русија – од лажни избори до фарса


„ДОБРО ПОПЛАДНЕ, драги гласачи“, вели Алексеј Чернов, крупен 44-годишник во карирана фланелска кошула. Тој нервозно ја повторува својата изборна тема: неколку реченици за поддршка на големи семејства. Тоа трае 28 секунди. „Тоа е сè?“ прашува водителот во телевизиското студио, потсетувајќи го дека правилата му дозволуваат да зборува една минута. „Можеби нешто друго ќе ви падне […]

„Ефектот Канада“: Кои европски компании би можеле да имаат корист од поблиските врски?


Канада сè повеќе се свртува кон Европската Унија поради трговските тензии со Соединетите Американски Држави, а европските компании веќе почнуваат да ги искористуваат новите можности на канадскиот пазар. Во среда, канадскиот премиер Марк Карни беше пречекан со стоечки овации во Европскиот парламент во Стразбур, што е доста невообичаено за странски премиер. Претседателката на Европската комисија, […]

Националниот парк Маврово уште не е репрогласен: Потребна е итна интервенција од Министерството и Владата


Националниот парк Маврово повеќе од една деценија се наоѓа во неприфатлива правна неизвесност. И покрај јасните законски обврски, процесот за повторно прогласување на Националниот парк Маврово сè уште не е завршен, поради што паркот функционира без клучните механизми за современо и ефикасно управување со заштитеното подрачје – задолжителен план за управување и нов просторен план. Дополнителна загриженост предизвикува […]

Уапсен еден од најбогатите Унгарци поради корупција


  Унгарски суд им одреди едномесечен притвор на двајца осомничени во голем корупциски скандал во кој е вклучен државниот автобуски оператор „Воланбус“. Унгарските медиуми објавуваат дека милијардерот Даниел Јелинек, основач и мнозински сопственик на „Индотек груп“, и Норберт Сивек, поранешен раководител на управата за државен имот на Унгарија, се приведени. Одлуката сè уште не е […]

Странци ловат диви животни и пијат крв од дива коза во Маврово, алармира „Еко свест“


Странци ловат диви животни и пијат крв од дива коза на македонски планини. Видеото, за кое денеска алармираа од граѓанската организација „Еко свест“, трае речиси половина час и е објавено во октомври минатата година. На него се гледа дека ловците ги придружува и возило со ознаки на Националниот парк „Маврово“, кој е единствениот во земјава што […]

Пред бербата преспанското јаболко со преполовени цени во однос на лани


  БИТОЛА – Преспанскиот јаболкобер е на самиот праг, а цените на јаболката се разочарувачи за производителите. Преспанските овоштари велат дека цената на индустриското јаболко е повеќе од преполовена во споредба со ланската, додека на сортното здраво јаболко е за најмалку десет денари пониска од лани. Индустриското јаболко денес се откупува за 4 денари од […]

Бугарија направила законски измени за регистрација на ОМО „Илинден“ – но секогаш им фалел некој документ, тврди Јотова


  Бугарската претседателка Илијана Јотова по средбата со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, во Стразбур изјави дека очекува надзорот над извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права во врска со ОМО „Илинден“ – Пирин конечно да биде завршен на следната седница. Според Јотова, Бугарија досега ги исполнила сите упатени препораки […]