Дете претепано во школски двор во Ѓорче, тешко е повредено
Дете е тешко повредено при тепачка во школски двор во скопско Ѓорче. Било нападнато од група малолетници.
– На 16.09.2026 околу 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал, при што се здобил со тешки телесни повреди, информираа од МВр во денешниот билтен.