Порази на македонските репрезентации на второто ден од шаховската Олимпијада
Второто коло на шаховската Олимпијада во узбекистанскиот град Самарканд донесе денеска порази на македонските репрезентации во машка и женска конкуренција.
Македонските шахисти, по стартната победа над Кајманските острови од 4-0, попладнево претрпеа пораз од Холандија со 2.5-1.5.
Никола Николовски на четвртата табла освои цел поен, Филип Панчевски ремизираше на третата табла, додека Емил Ристески на првата и Антон Златков на втората табла претрпеа порази.
На женскиот олимписки турнир, македонските шахистки по воведната максимална победа на Сент Винсент и Гренадини, загубија во второто коло од Аргентина со 3-1.
Моника Жежовска ремизираше на првата табла, а Ивана Манова на втората и Сања Трајковска на третата табла претрпеа порази.