Крводарителска акција во сабота во ЗОО Скопје: Дарувај крв, спаси живот!


Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Карпош организира крводарителска акција на која ги повикува сите хумани граѓани да се вклучат и со своето дарување да помогнат во спасување човечки животи.

Акцијата ќе се одржи во сабота, 19 септември, од 11:00 до 18:00 часот, во Едукативниот центар на Зоолошката градина Скопје.

Крв може да дарува секое лице на возраст од 18 до 65 години, доколку е во добра општа здравствена состојба. За дарувањето задолжително е да се понесе документ за лична идентификација.

Од Црвениот крст апелираат потенцијалните дарители пред акцијата да имаат земено лесен оброк и да внесат доволно течности.

„За тебе е само малку време, за некого е цел еден живот“ е пораката со која организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат на акцијата.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во порака или на телефонскиот број 071/482-154.

Дарувај крв – спаси живот!