Национална конференција за Еврокодови 2.0 во Стопанската комора


Национална конференција за Еврокодови 2.0 насловена „Од стандардизација до национална имплементација“ ќе се одржи денеска во просториите на Стопанската комора. Во фокусот на конференцијата ќе биде процесот на национална имплементација на Еврокодовите 2.0, односно втората генерација на европските стандарди за проектирање и градба. Во рамки на настанот ќе биде потпишана и Национална иницијатива за имплементација […]

„Болва в уво“ на Драмски театар Скопје на фестивалот „Денови на комедија“ во Куманово


Претставата „Болва в уво“ од Жорж Фејдо, во режија и адаптација на Синиша Евтимов денеска ќе биде изведена во рамки на 29. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово. Претставата на Драмски театар Скопје ќе се игра со почеток во 20:00 часот на големата сцена на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Фестивалот се одржува […]

Папата Лав XIV ја започнува првата посета на Франција


Папата Лав XIV денеска ја започнува четиридневната посета на Франција, при што на почетокот од посетата во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон. Ова е прва посета на Франција на Лав XIV откако минатата година беше избран за поглавар на Католичката црква, што има околу 1,4 милијарди верници во светот. По средбата […]

Последна вечер на Скопски градски фестивал со концерт на Васко Атанасовски од Словенија заедно со гудачкиот состав Полифонија од Македонија


Со концертот на словенечкиот саксофонист и композитор Васко Атанасовски и Полифонија, вечерва ќе заврши седмото издание на Скопскиот градски фестивал. По концертните вечери кои секоја на свој начин го одбележаа годинашното издание, во петок фестивалот ќе го заокружи Васко Атанасовски, еден од најпрепознатливите современи словенечки саксофонисти и композитори. Во Скопје, Атанасовски ќе настапи со Полифонија, […]

Во Македонскиот КИЦ – Софија концерт на мешовитиот хор на Културно-уметничкото друштво „Стив Наумов“ од Битола


Концерт на мешовитиот хор на Културно-уметничкото друштво „Стив Наумов“ од Битола ќе се одржи денеска во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, кој, како што наведе во најавата денеска и утре ќе биде домаќин на два значајни културни настани, кои преку музиката и јазикот, ќе го претстават богатството, континуитетот и живоста на македонската културна традиција. -Два […]

Јавна дискусија „Западен Балкан во поредок што се менува: проширување, идентитет и демократски иднини“


Јавна дискусија на тема „Западен Балкан во поредок што се менува: проширување, идентитет и демократски иднини“ ќе се одржи денеска во организација на Претседателскиот центар „Стево Пендаровски“. Дискусијата ќе ја отвори поранешниот претседател на Стево Пендаровски.  Воведни излагања ќе имаат Борис Буден, културолог и писател,  Јоанис Армаколас, вонреден професор на Универзитетот „Македонија“ и истражувач во […]

Прекин на водоснабдувањето во Маџари, во Хиподром и Трубарево намален притисок


Прекин во водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците од населба Маџари, а во Хиподром и Трубарево ќе имаат намален притисок, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 350 милиметри на улицата Маџари бб (Триангла), а ќе почне во 9:00 часот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се […]

Во Велес фестивал на џез, world и современа музика – пет години музика, уметност и културна размена


Од 25 до 27 септември во Велес ќе се одржи петтото издание на Фестивалот на Џез, world и современа музика, којшто годинава одбележува свој мини-јубилеј – пет години исполнети со музика, уметност, ентузијазам, нови средби и културна размена. Фестивалот започна со едноставна, но важна идеја – уметноста да не биде концентрирана само во метрополите и […]

Облачно и постудено со повремен дожд


Времето денеска ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта и утре претпладне. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 л/м²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 4 до 13 степени, а дневната од 11 до […]

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката


Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, во рамки на 81. заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк. -Остварив средба со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. На средбата разговаравме за актуелните состојби во регионот, значењето на добрососедските односи, унапредувањето на соработката и заедничките интереси кои придонесуваат за стабилност, развој и […]

Запаллив говор на Нетанјаху во ОН. Го нарече Ердоган „тиранин“ (Видео)


  Бенјамин Нетанјаху одржа запалив говор пред Обединетите нации во четвртокот, осудувајќи го она што го нарече глобален антиеврејски заговор и отфрлајќи ги критиките за војната на Израел во Газа, додека се соочува со меѓународна изолација и борба за политички опстанок на претстојните избори во Израел. Додека на улиците на Њујорк избиваа планирани протести, Нетанјаху […]

Вајц: И во Австрија има корупција, но многу богати луѓе лежат во затвор


  Сите земји-членки на ЕУ се борат со корупција, ниту една членка не е совршена. Ние се бориме да го зајакнеме владеењето на правото, но има разлики и меѓу нас. Во разни земји-членки има различно ниво на корупција. И во мојата Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е што многу богати луѓе лежат […]

Оваа бизарна планета се врти во спротивна насока – и никој не знае зошто


GJ 3090 b е оддалечена 73 светлосни години од Земјата и без очигледна причина, се врти околу својата ѕвезда во спротивна насока од ротацијата на ѕвездата и под прилично екстремен агол. Астрономите открија необична егзопланета што орбитира околу својата ѕвезда, но во спротивна насока од нејзината ротација. Планетата GJ 3090 b се наоѓа на околу […]

Герасимовски избран за потпретседател на СДСМ, повика на сплотеност во партијата


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ, на која беше избран за потпретседател на партијата, повика на сплотеност, меѓусебна доверба и заедничка работа. -Не мора секогаш да мислиме исто. Не мора секогаш да се согласуваме. Но мора да знаеме што нè спојува. Тоа се нашите принципи, одбраната […]

Германија води истрага против 105-годишник, осомничен поранешен чувар во нацистички логор


  Германските обвинители соопштија дека се води истрага против 105-годишен маж под сомнение дека бил соучесник во повеќе убиства во нацистички логор за воени заробеници. Случајот, кој го води јавното обвинителство во Дортмунд, се однесува на логорот „Шталаг 326 VI K“ во западна Германија, на територијата на денешната сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. „Се претпоставува дека […]

Виена има 12 км зелени трамвајски линии: Специјални растенија сè повеќе се користат како решение


  Виена продолжува да ја озеленува својата трамвајска инфраструктура. „Винер Линиен“, градската компанија за јавен превоз, годинава гради дополнителни 600 метри зелени пруги, кои, покрај тоа што придонесуваат за поатрактивен изглед на градот, играат и важна улога во прилагодувањето кон климатските промени. Во Виена моментално има околу 12 километри зелени трамвајски линии, изработени во различни […]

Зошто многу луѓе се чувствуваат уморно на есен


Пократките денови и помалку сончева светлина за време на есента можат да го нарушат внатрешниот часовник на телото, поради што многу луѓе се чувствуваат поуморно отколку во текот на летото. Промените се најчесто поврзани со циркадијалниот ритам, или природниот внатрешен часовник што го регулира спиењето и будноста. Како што деновите стануваат пократки, телото прима помалку […]

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи -Скопје, се преговара и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ


Од почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати. Ова поврзување ќе донесе многу за туризмот и за бизнисот, одговори денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на пратеничко прашање во […]

Прекин во снабдувањето со струја утре во делови од општините Бутел, Сопиште, Центар и Илинден


Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Бутел, Сопиште, Центар и Илинден, соопшти ЕВН Македонија АД. Од 8 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците на ул.„Хо Ши Мин“ во Општина Бутел, а од 08:30 до 14 часот корисниците на ул.„9“ и дел од ул.„1“ во Општина Сопиште. […]

„Здрава котлина“: Нацрт-просторниот план до 2040 година претпоставува отварање и на рудници


Нацрт-просторниот план 2040 за Југоисточниот Плански Регион причина за реакции кај дел од јавноста. „Здрава котлина“ повика на масовно обединување против отворање нови рудници. Од „Здрава котлина“ оценуваат дека со ваквите плански решенија се отвора можност за пренамена на земјиштето во намена Г1 – тешка индустрија, при што особено предупредуваат за можните последици врз земјоделското […]