„Здрава котлина“: Нацрт-просторниот план до 2040 година претпоставува отварање и на рудници


Нацрт-просторниот план 2040 за Југоисточниот Плански Регион причина за реакции кај дел од јавноста. „Здрава котлина“ повика на масовно обединување против отворање нови рудници. Од „Здрава котлина“ оценуваат дека со ваквите плански решенија се отвора можност за пренамена на земјиштето во намена Г1 – тешка индустрија, при што особено предупредуваат за можните последици врз земјоделското земјиште и животната средина, јавува 24Вести.

Граѓанско здружение „Здрава котлина“: „Самото присуство на одредена локација или минерална суровина во просторна или во планска документација не значи автоматски дека ќе биде изграден рудник на таа локација. За реализација на конкретен рударски проект, потребни се и други постапки, дозволи и исполнување законски услови. Особено значајно прашање за Струмичката Котлина е и заштитата на водите. Во подготовката на просторниот план се опфатени повеќе области поврзани со управувањето со водите, земјоделството, природата, инфраструктурата и со климатските промени.“ – пишува во повикот на Граѓанското здружение „Здрава котлина“

СДСМ најави блокада при носењето на новиот просторен план.Претседател на СДСМ, Венко Филипче, рече дека Македонија не е на продажба и оти земјата не може да се продава за нечии интереси и за сметка на здрајвето на граѓаните и побара повелекување на планот.

Од Левица подолго време бараат Левица бараат да се донесе мораториум за издавање нови концесии и за сите постапки поврзани со планираните рудници. Пратеникот Борислав Крмов вели дека е недозволиво да се игра со животната средина и со природата.

Министерството за животна средина и просторно планирање претходно ја информираше јавноста дека започнува циклусот на регионални јавни расправи по Нацрт – Просторениот план на Република Северна Македонија 2040. Од ресорното министерство, во повикот, потенцираат дека, Јавната расправа претставува можност за запознавање со предложените плански решенија, како и за давање мислења, предлози и забелешки во процесот на подготовка на еден од најзначајните стратешки документи за просторниот развој на државата.