Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката


Александар Вучиќ и Христијан Мицкоски на нивната средба во ОН во септември 2026

Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, во рамки на 81. заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

-Остварив средба со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. На средбата разговаравме за актуелните состојби во регионот, значењето на добрососедските односи, унапредувањето на соработката и заедничките интереси кои придонесуваат за стабилност, развој и просперитет на нашите народи – објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Тој во објавата наведува дека продолжуваат со отворен дијалог и конструктивна соработка во насока на јакнење на регионалното поврзување и европската перспектива на Западен Балкан.