Светска екслузива што ќе се памети: Оскаровецот Воли Фистер со гитара во рацете испиша историја на „Браќа Манаки“!


Светот ќе зборува за ова, Битола беше центарот каде што филмската уметност се судри со чистиот рок. Битола денеска сведочеше на  историски момент каков што светот досега нема видено, а му се случи токму на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Учесниците и гостите на 47. издание на фестивалот беа сведоци на вистински медиумски […]

Ердоган повика на укинување на правото на вето во ОН и реформа на Советот за безбедност


Турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган денеска повика на целосно укинување на механизмот за вето во Обединетите нации, заложувајќи се за реформа на системот што, според него, ги штити интересите на само пет земји и за зајакнување на улогата на Генералното собрание на ОН. Говорејќи пред новинарите во Турската куќа („Туркеви“) во Њујорк, по учеството на […]

Тофан: Молдавија не сака членство во НАТО, туку сака да остане неутрална


Молдавија не планира да се придружи кон НАТО и сака да остане неутрална – изјави денеска молдавскиот премиер Василe Тофан, дематирајќи ги тврдењата на Русија. Тој,  за американската агенција Блумберг. посочи дека Москва тврди дека Молдавија ќе се приклучи на НАТО за да поттикне стравувања од прозападната ориентација на неговата земја, тврдејќи дека членството во […]

Трамп и Ши од Белата куќа: Одлуките за технологијата и вештачката интелигенција ќе го дефинираат глобалниот мир во следните децении


Одлуките што САД и Кина ќе ги донесат за безбедноста, технологијата и вештачката интелигенција можат да придонесат за мир и просперитет во децениите што доаѓаат – изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп пред почетокот на разговорите зад затворени врати со неговиот кинески колега Ши Џјинпинг во Белата куќа. Изјавата беше дадена за време на заедичкиот […]

Поради манипулација со информации и проруска пропаганда, руската новинарка Ксенија Федорова ставена на црната листа на ЕУ


Советот на ЕУ ја стави поранешната шефица на медиумот „РТ“ во Франција, Ксенија Федорова, на списокот на санкционирани лица поради нејзината улога во хибридните активности на Русија и манипулирањето со информации, со што се поткопуваат демократијата и стабилноста во Унијата. Како поранешна директорка на одделот за информации во телевизискиот канал „РТ Франција“, Федорова учествувала во […]

Одземени над 40 концесии за експлоатација на минерални суровини


ад 40 концесии за експлоатација на минерални суровини се одземени досега поради утврдени нерегуларности, а концесиските надоместоци се зголемени за 100 проценти, информираше денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска одговарајќи на пратеничко прашање за пренос на концесијата за ископ на варовник на локалитетот „Вртекица“ во општина Студеничани.  Прашањето го постави пратениот […]

Прекин во водоснабдувањето утре ќе имаат корисниците од улицата „Пиринска“ во Центар


Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат корисниците од ул.„Пиринска“ во општината Центар, соопшти ЈП Водовод и канализација. Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што се наведува, е уличен дефект ф 80 мм на бул.„Партизански одреди“ бр.14.

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс


Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да избори финале на Европското првенство во бокс во Софија. Тој во денешната полуфинална борба загуби на поени со 4:1 од Украинецот Аидер Абдураимов. За Рустемовски ова е секако голем резултат бидејќи веќе испиша историја со пласман во полуфиналето бидејќи обезбеди бронзен медал. Ова е негов најдобар резултат во […]

На 28 октомври ќе биде промовирана апликацијата „М.услуги“, граѓаните ќе добијат електронски верзии на личната карта и возачката дозвола


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска најави дека на 28 октомври ќе биде промовирана националната мобилна супер апликација „М.услуги“ преку која граѓаните ќе може да пристапуваат до електронски документи и државни услуги директно од своите мобилни телефони. Образложувајќи го проектот пред пратениците, Андоновски, одговарајќи на пратеничко прашање, истакна дека целта е постепено да се […]

Андоновски најави можна инвестиција во дата центар вредна 500 милиони долари


  Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска истакна дека Владата паралелно работи на привлекување приватни инвестиции во центри за податоци и на изградба на национален податочен центар за потребите на државните институции оценувајќи дека станува збор за проекти што може да придонесат за економски развој и зајакнување на дигиталната инфраструктура. – Активно работиме во […]

Зошто уште нема отчет за Давид Гета, ни за прославата, праша Оливер Спасовски во Собранието


  Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во Собранието праша зошто и две недели по завршувањето на настаните за одбележување 35 години независност на Македонија, јавноста не знае за колку пари настапувале Давид Гета и другите изведувачи. И како бил поделени поединечните суми што ги добил секој изведувач од вкупно 5,53 милиони […]

СДСМ ја осуди Платформата: Тоа е ЗНАМ 2.0 и помош за Мицкоски


  Опозициската СДСМ ги отфрли наводите на таканаречаната Платформа која бара смена на лидерот Венко Филипче и рече дека тоа се случува во денот кога го објавиле планот за распродажба преку рудниците и откриле како приватни фирми плаќаат лоби за премиерот Христијан Мицкоски во Америка. Токму денеска, кога го откривме планот на Мицкоски за распродажба […]

Платформата за смена на Филипче „удри“ и по ЗНАМ, Заев, Црвенковски и ВМРО-ДПМНЕ


  Платформата за промени во СДСМ, која сака да го смени Венко Филипче од лидерската позиција, денес уверуваше дека е „јасна, гласна и опозициска“, а како потврда го нарече владеењето на ВМРО-ДПМНЕ катастрофално, ЗНАМ го оцени како клиентелистичка партија создадена со политички инжинеринг,  се огради од  политичкото наследство на Зоран Заев, но се огради и […]

Хрватски суд одобри екстрадиција на Украинец осомничен за саботажата на „Северен тек“


Жупанискиот суд во Пула одобри екстрадиција на украинскиот државјанин Володимир Журавлов во Германија, која го сомничи за учество во саботажата на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“. Одлуката за екстрадиција е донесена на 18 септември, а судот писмено ги известил странките пет дена подоцна. Во решението се наведува дека, откако одлуката ќе стане […]

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во интервју за Би-би-си зборуваше за историјата на тенисот. Тој напомена дека неговиот сонародник Рафаел Надал бил негов идол додека растел и сакал еден ден да биде како него. „Ако ги погледнеме бројките, нема дилеми – Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња“, изјави Алкараз. Бројките потврдуваат дека Ѓоковиќ има рекордни […]

Крај на дилемите: пензиите ќе се зголемат законски за 3 отсто


  Завршија парламентарните избори. Завршија и локалните. Па пензиите ќе се зголемуваат онака како предвидува законот, наместо четири пати линеарно, како што правеше владата на Христијан Мицкоски. На една недела пред да заврши месецов директорот на Фондот за пензинско и инвалидско осигурување, Никола Мемов, потврди дека зголемувањето на пензиите ќе биде 3 отсто почнувајќи од […]

И покрај судската одлука, на новинарите од Си-Ен-Ен, Ем-Ес Нау и Политико, не им беше дозволен влез во Белата куќа


На новинарите на Си-Ен-Ен (CCN), Ем-Ес Нау (MSNOW) и на Политико денеска не им беше дозволено да влезат во Белата куќа и покрај тоа федералниот судија Тимоти Кели ѝ наложи на администрацијата на Доналд Трамп веднаш да ги врати акредитациите на медиумските работници. Трамп минатата недела им забрани на новинарите од двете телевизиски мрежи од […]

Ристовски: В година ќе се реконстуира салата „Македонија“ во Прилеп


Во интервју за порталот Екипа, министерот за спорт Борко Ристовски со една реченица објасни што може да се очекува со спортските сали во Прилеп. До крајот на оваа година градот ќе остане без функционална спортска сала, бидејќи според програмата на министерството не се предвидуваат никакви зафати. За наредната 2027 година во план е рекострукција на […]

Бројот на жртви од тајфунот во Јапонија се зголеми на 11, три лица се водат како исчезнати


Бројот на загинати во свлечиштата и поплавите што ги предизвика тајфунот Дужуан во источна Јапонија се зголеми на 11, додека по три лица сè уште се трага, соопштија денеска локалните власти. Телото на Акеми Нумата, жителка во осумдесеттите години од Јокосука, беше пронајдено откако беше пријавено нејзиното исчезнување по свлечиштето што го предизвика тајфунот, соопшти […]

Клековски: Ја поздравувам одлуката на Уставниот суд за дополнителната работа на докторите


Министерот за здравство Сашо Клековски на денешната прес-конференција изјави дека ја поздравува одлуката на Уставниот суд и смета дека кон дополнителната работа на докторите треба да се пристапи принципиелно. Тој беше прашан околу тоа што Уставниот суд ја отфрлил иницијативата за дополнителната дејност на докторите, со издвоено мислење на одредени судии дека сепак треба од […]