СДСМ ја осуди Платформата: Тоа е ЗНАМ 2.0 и помош за Мицкоски
Опозициската СДСМ ги отфрли наводите на таканаречаната Платформа која бара смена на лидерот Венко Филипче и рече дека тоа се случува во денот кога го објавиле планот за распродажба преку рудниците и откриле како приватни фирми плаќаат лоби за премиерот Христијан Мицкоски во Америка.
Токму денеска, кога го откривме планот на Мицкоски за распродажба на Македонија преку давање на рудниците и труење на народот за туѓи интереси и профити.
„Токму денеска, кога објавивме мегаскандал: приватна компанија за оружје плаќала над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски. Кога на јавноста ѝ станува јасно зошто Мицкоски договара антимон без да го праша народот: за милиони да завршат во приватни џебови.
Денеска дефокус и напад врз СДСМ од платформата на Мицкоски, ЗНАМ 2.0. Дефокус и напад врз СДСМ и претседателот Филипче од луѓе купени со тендери вредни 1,6 милиони евра.
Одговорот на едно едноставно прашање целосно ги разобличува: Кому му одговара да се пренасочи вниманието на јавноста со ваков дефокус?
Кому му одговара да не се зборува за криминалот на Мицкоски и за распродажбата на Македонија?
Одговорот е еден: На шефот на организираната криминална група, арамијата Христијан Мицкоски!“, вели во соопштение СДСМ.
Според партијата, „ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг. Не постои друга опозиција во Македонија. Затоа сакаат да го урнат СДСМ, но од тоа нема да има ништо“.