Ристовски: В година ќе се реконстуира салата „Македонија“ во Прилеп
Во интервју за порталот Екипа, министерот за спорт Борко Ристовски со една реченица
објасни што може да се очекува со спортските сали во Прилеп. До крајот на оваа година градот ќе остане без функционална спортска сала, бидејќи според програмата на министерството не се предвидуваат никакви зафати.
За наредната 2027 година во план е рекострукција на спортската сала Македонија, која потоа ќе и’ биде предадена на Општината. На прашањето „Што како министер имате зацртано како клучни проекти за новата 2027 година?“, Ристовски во одговорот покрај затворениот базен во Охрид, изградба и реконструкција на спортски сали во Делчево, Крушево, Неготино, Делчево, Струмица со една реченица за Прилеп:
„Проектот долгоочекуван со реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп, знаеме дека во овој град нема ниту една функционална сала… договорот со концесионерот е раскинат, таа сала ќе ја земе државата преку Министерството за спорт, ќе ја реконструира комплетно, тоа е еден сериозен проект од преку 150 милиони денари и Прилеп ќе добие една модерна сала што по реконструкцијата ќе ја предадеме на владеење на општина Прилеп.“
Министерот за спорт Борко Ристовски два пати беше во посета на Прилеп ( во јули 2024 и март 2025 година) и во двата наврати ветуваше брза реонструкција на Универзалната сала во Прилеп (која до есента 2024 требаше да биде завршена). Од тогаш поминаа две години …
Целото интервју овде