Бројот на жртви од тајфунот во Јапонија се зголеми на 11, три лица се водат како исчезнати
Бројот на загинати во свлечиштата и поплавите што ги предизвика тајфунот Дужуан во источна Јапонија се зголеми на 11, додека по три лица сè уште се трага, соопштија денеска локалните власти.
Телото на Акеми Нумата, жителка во осумдесеттите години од Јокосука, беше пронајдено откако беше пријавено нејзиното исчезнување по свлечиштето што го предизвика тајфунот, соопшти агенцијата Кјодо.
Прекините во железничкиот сообраќај погодија бројни патници, а сообраќајот меѓу станиците Чиба и Анегасаки се одвива со 20 проценти од нормалниот капацитет.
Според податоците на властите во префектурата Чиба, оштетени се 989 згради, од кои 27 се целосно уништени.
Дужуан беше 25-тиот тајфун оваа сезона, а посебно тешко е погодена Чиба, која претрпе силни невремиња и поплави и во август и почетокот на септември.