Општина Чаир се пофали дека искроила и отстранила вкупно 350 дрвја: Зградата се проширила, па дрвото смета!


Општина Чаир повеќе од три недели спроведува интензивна акција за одржување и унапредување на зеленилото на јавните површини. По иницијатива на Општината, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ и компанијата АДМ-АЛ, досега се искроени над 250 дрвја, а отстранети се околу 100 суви и ризични дрвја. Интервенциите се изведуваат професионално и во зависност од […]

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка


Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата, бизнисмени, институционални претставници и политички лидери. Настанот беше во знак на успехот, растот и достигнувањата на деловната заедница и претставуваше можност АБТЦ да […]

Во Аргентина стапката на сиромаштија достигна 32,3 отсто во првата половина од 2026 година


 Стапката на сиромаштија во Аргентина достигна 32,3 отсто, а екстремната сиромаштија 7,5 отсто во првата половина од 2026 година, бидејќи приходите на домаќинствата не биле доволни за покривање на зголемените трошоци за основните производи. Националниот институт за статистика и пописи (ИНДЕК) објави дека во периодот меѓу јануари и јуни сиромаштијата погодила 9,7 милиони луѓе во […]

Во недела протест во Скопје по пресудата за Тачи во Хаг


Во недела, 27 септември, во 14 часот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе се одржи протестен марш по повод првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг против поранешните водачи на ОВК. Маршот е најавен од Организацискиот совет, од каде што Феџри Асипи ги повика граѓаните и албанските политички партии да се приклучат. На протестот, според […]

Каков сладолед јадевме летово? Над 19.000 евра казни по проверката


Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), согласно одредбите од Законот за безбеднсот на храната, од почетокот на јули до крајот на август спроведоа вонредни инспекциски контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, како и во угостителски објекти кои сами произведуваат и ставаат во промет вакви производи за сопствени потреби. Во […]

Отстранет небезбеден објект во Маџир Маало


Општина Центар отстрани руиниран и напуштен објект на улицата „Петричка“ во Маџир Маало, кој со години претставуваше сериозен ризик за безбедноста и здравјето на граѓаните. По извршената инспекциска проверка е утврдено дека станува збор за објект без сопственик,  импровизирана градба која беше претворена во дива депонија,  легло на глодари и други штетници. Објектот е отстранет, […]

Подгответе „Чинија љубов“ за кучињата од „Лајка“


Во сабота, 26 септември, од 11 до 15 часот, во дворот на ЈП „Лајка“ ќе се одржи настанот „Чинија љубов“. За првпат дворот ќе стане место каде што граѓаните заедно ќе подготвуваат оброци за кучињата кои сè уште го чекаат својот дом и ќе поминат време со нив. „Чинија љубов“ е граѓанска иницијатива за готвени […]

Фон дер Лајен критикувана од сопствениот табор за вештачката интелигенција


Германскиот конзервативен европратеник Аксел Вос изјави дека Европската Унија е премногу бавна за да одговори на заканите што ги претставува развојот на вештачката интелигенција. Вос, еден од клучните креатори на технолошки политики во Германија, во едно интервју изјави дека Европската комисија не го следи темпото на развој на вештачката интелигенција, пишува Политико. Иако е сојузник […]

ОЈО: Поднесено обвинение за оштетување на куќата на Малески во Струга


Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против шест лица за дејствија на кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик. Како што информираат од ОЈО, првообвинетиот, управител на градежна фирма од Велешта, како инвеститор и изведувач на работи за […]

Црна Гора го укинува безвизниот режим за Русија, Белорусија и Турција


Владата на Црна Гора ги раскинува договорите за безвизен режим со Русија, Белорусија и Турција, што произлегува од обврската за целосно усогласување со визните политики на Европската Унија. Информацијата за тоа Владата на Црна Гора ја усвои вчера, со тоа што е констатирана потребата од иницирање на заклучување нов договор со Турција за носителите на […]

Ракометните суперлигаши го почнуваат четвртото коло


 Со двата натпревара што се играат попладнево и вечерва во Битола и во Охрид стартува четвртото коло од Супер лигата. Во Битола е дуелот на двете екипи од овој град, а „домаќин“ е Еурофарм Пелистер, додека „гостин“ е Еурофарм Пелистер 2. Почетокот на дуелот е во 17:30 часот. Во Охрид по натпреварите од женскиот „Трофеј […]

Санација на водоводната мрежа во Нов Дојран


За да се обезбеди постабилен притисок и подобар доток на вода, Општина Дојран почна со санации на водоводната мрежа на повеќе локации во населеното место Нов Дојран. Според општинските власти од Дојран, инвестициите во водоводната инфраструктура ќе опфатат конкретни зафати таму каде што проблемите со водоснабдувањето се најизразени. Надлежните информираат дека се поставуваат нова водоводна […]

Вучиќ ќе поднесе оставка в недела


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека оставката од функцијата претседател на Републиката ќе ја поднесе в недела, на 27 септември, во вечерните часови, како и дека граѓаните тогаш ќе можат да го слушнат и неговото образложение. – Во недела е напорен ден, во недела навечер поднесувам оставка, мислам дека ќе биде околу осум часот […]

Непал во ОН побара неповратна помош за обнова по разорните поплави


Непалскиот премиер, Балендра Шах, синоќа пред Генералното собрание на ОН ја повика меѓународната заедница да обезбеди неповратна помош за обнова на земјата по поплавата предизвикана од излевање на глацијално езеро, во која загинаа најмалку 1.450 луѓе. Шах во Њујорк рече дека за обновата на подрачјата погодени од поплавите, кои пред четири недели ги зафатија планинските […]

Емоција која не бледнее: Најголемите песни на Тоше Проески отсега достапни на луксузно двојно винилно издание


Во чест на еден од најголемите музичари од нашите простори, Тоше Проески, Хит Рекордс од Загреб со гордост го претставува ексклузивното двојно винилно издание „The Very Best of Toše Proeski“. Ангелскиот глас кој го спојуваше регионот, емоцијата која никогаш не бледнее и песните кои станаа безвременски класици, конечно го добија своето заслужено место на грамофонската […]

Пезешкијан: Одлуката за ставање крај на војната е во рацете на САД


Одлуката за ставање крај на војната против Иран е во рацете на САД, бидејќи Техеран не сака да продолжи со борбите, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во интервју за Фокс њуз. – Кога можеме да ги решаваме проблемите преку дијалог, не треба да прибегнуваме кон меѓусебно убивање. Но, со поттикнување од Израел, тие ни ја […]

Стартуваше новата сезона од кошаркарската Евролига


Со одигрувањето на седумте натпревари синоќа стартуваше новата сезона во кошаркарската Евролига, а шампионот Олимпијакос постигна победа на гости против Басконија и беше единствениот тим со постигнати 100 и повеќе поени. Финалистот Реал Мадрид загуби од Дубаи на гостински терен во натпревар со неизвесна завршница. Резултати на синоќа одиграните дуели: Дубаи – Реал Мадрид 78:77, […]

Трамп ги пофали односите со Кина на вечерата во Белата куќа во чест на Шји


Американскиот претседател Доналд Трамп ги пофали односите меѓу Кина и САД на државничката вечера во Белата куќа со која беше заокружен вториот ден од посетата на кинескиот претседател Шји Џјинпинг. – Претседателот Шји и јас разбираме дека претставуваме различни системи, но врските меѓу нашите народи траат и никогаш не сме се сложувале подобро – рече […]

Европска ноќ на истражувачите во Скопје


Скопје денеска ќе биде дел од Европската ноќ на истражувачите – европска иницијатива посветена на приближување на науката и истражувачката работа до јавноста, преку директна комуникација со научниците и интерактивни активности за различни возрасни групи. Активностите се реализираат во рамки на проектот CHOOSE SCIENCE – „Избери наука! Градење на општеството преку истражување и иновации“, координиран […]

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината


Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала вчеравечер во 22 часот и 18 минути беше почувствуван во Битола, Ресен и околината, информира Сеизмолошката опсеравторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Како што посочуваат, епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Грција, на околу 120 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9.