Ракометните суперлигаши го почнуваат четвртото коло
Со двата натпревара што се играат попладнево и вечерва во Битола и во Охрид стартува четвртото коло од Супер лигата. Во Битола е дуелот на двете екипи од овој град, а „домаќин“ е Еурофарм Пелистер, додека „гостин“ е Еурофарм Пелистер 2. Почетокот на дуелот е во 17:30 часот.
Во Охрид по натпреварите од женскиот „Трофеј Македонија“ ќе се игра дуелот меѓу Охрид и Прилеп. Натпреварот почнува во 19:45 часот.
Утре (сабота) се играат два натпревара со почеток во истиот термин – 18:30 часот. Алкалоид гостува во Богданци кај Младост, додека Струга е домаќин на Бутел Скопје.
Ова коло ќе биде комплетирано во недела со натпреварите: Тиквеш – Вардар (почеток 18 часот) и МРК Куманово – Мулти Есенс (почеток 19 часот).
На чело на табелата се Алкалоид и Вардар со по 6 бодови.