„Гола месечина“ се префрла за понеделник – денеска ќе врнело


Поради најавите за дожд, програмата на фестивалот „Гола месечина“ предвидена за вечерва се одложува и ќе се реализира во понеделник. Фестивалот продолжува според планираното во сабота и недела, додека програмата предвидена за вечерва ќе биде реализирана во понеделник. Ве очекуваме во паркот „Авионче“ на фестивалски денови исполнети со музика, забава и добра атмосфера. Општина Аеродром […]

Одбележана Европската ноќ на истражувачите и во Македонија


Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, заедно со други факултети од УКИМ, покрај МАНУ, УГД и УКЛО, се вклучи во одбележување на Европската ноќ на истражувачите во Македонија, иницијатива посветена на приближување на науката и истражувачката дејност до јавноста. По овој повод, Факултетот ги отвори своите лаборатории за учениците и организираше […]

Шестгодишно дете нападнато, соблечено и снимено со телефон во соблекувална во училиште во Кочани


Шест и полгодишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со смарт часовник од неколку други малолетни деца во соблекувална на спортска сала во основно училиште во Кочани. Случајот на 24 септември во ОВР Кочани го пријавил 42-годишниот татко на детето. Според пријавеното, во настанот биле вклучени неколку малолетни деца, повозрасни од неговото дете. „На […]

ЕК отвори пет постапки за прекршување против Бугарија во области од перење пари до енергетика


Европската комисија денеска објави информации за текот на пет постапки за прекршување против Бугарија во областите на енергетиката, перењето пари, наркотиците, правата на потрошувачите и заштитата на животната средина, јави БТА. Комисијата отвора постапки за прекршување против Бугарија, Белгија, Чешка, Германија, Естонија, Грција, Шпанија, Франција, Хрватска, Кипар, Литванија, Луксембург, Холандија, Австрија, Полска, Португалија, Романија и […]

(Видео) Деца запалија дрво во сред Капиштец, МВР истражува што се случило


На 24 септември околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк во скопската населба Капиштец малолетно лице фрлило пиротехничко средство, по што избувнал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  Синоќа, Фејсбук групата „За […]

Дедо сечел топола во Радовишко, гранка го убила неговиот пријател


Вчера во 12:30 часот во радовишкото село Ораовица, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Т.Б.(73) од Радовиш, се наведува во полицискиот билтен. Според пријавеното, тој околу 10:30 часот на нива во атар на село Ораовица со моторна пила сечел топола, а откако паднала, гранка од неа го погодила Н.Т.(77) од Радовиш, […]

Филипче им кажал на француските сенатори дека Македонија е заглавена кон ЕУ


  Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната средба со делегацијата на Сенатот на Франција во Собранието, порача дека СДСМ ќе поддржи подобрување на условите во преговорите со Европската унија, но го отвори прашањето што доколку Владата не ги обезбеди. Филипче укажа дека, времето поминува, Македонија стои во […]

СДСМ: Трагата на парите открива кој плаќа лоби за Мицкоски


  Опозицискиот СДСМ денеска изнесува нови детали за плаќањето на лобистите кои работат за премиерот Христијан Мицкоски. А една компанија ѝ плаќа на друга 130.000 долари месечно. „Кој плаќа лоби за Мицкоски? Човекот со кого Тимчо Муцунски беше на потпишување меѓу „АТС Гру“п и турската државна компанија МКЕ. Тоа е одржано на 27 март 2025. […]

Тошковски: „Безбеден град“ од 12 октомври ќе се применува и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговарал за безбедносната состојба и активностите за унапредување на работата на полицијата во овој регион. Тошковски информира дека во СВР Охрид се привршуваат подготовките за командниот центар, кој е неопходен за […]

Еврокодовите во градежништвото ќе овозможат побезбедени градби


 Воведувањето на еврокодовите во градежништвото ќе значи побезбедени и посигурни градби, поголема безбедност и подобри услови за работа. Стручната фела е категорична дека еврокодовите треба да се воведат што е можно побрзо и по нив во иднина да се проектира и гради. – Во сите фази се зголемува безбедноста – не само во фазите на […]

Дурмиши во Баку порача на Македонија да не се гледа како на мал пазар, туку како на извозна и регионална платформа


Во услови на глобална економска и геополитичка неизвесност, Северна Македонија го темели економскиот раст на инвестиции, структурни реформи, енергетска сигурност и продлабочување на регионалната и европската интеграција, порача министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на Вториот Азербејџански меѓународен инвестициски форум (AIIF 2026) во Баку. Како што соопштуваат од Министерството за економија и труд, министерот […]

Вучиќ во Њујорк разговараше со Лавров за енергетската безбедност и нов договор за гас


Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше за енергетската безбедност со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на нивната средба во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, пренесе српската национална телевизија РТС. Вучиќ соопшти дека за време на разговорот била разгледана можноста Србија до крајот на септември да потпише нов договор со Руската Федерација […]

Светската банка одобри кредит од 658,8 милиони евра за поддршка на земјоделскиот и прехранбениот сектор во Турција


Светската банка ќе обезбеди кредитно финансирање во износ од 658,8 милиони евра за проект за трансформација на земјоделскиот и прехранбениот сектор во Турција, со што вкупното финансирање за сите сектори во земјата годинава ќе надмине 7,9 милијарди евра, објави Анадолија. Според Министерството за трезор и финансии, кредитната поддршка е добиена како резултат на напорите на […]

Сточарите од Пелагонија на 30 септември излегуваат на протест


  БИТОЛА – Расте револтот кај сточарите за неисплатената премија за млекото од јули ланската година и кај земјоделците за неисплатените субвенции по повеќе основи. Сточарите и земјоделците од Пелагонија денеска најавија протест за во среда (30 септември) од 11 часот на локација кај Тополчани кај млин „Осман“ на патот Битола-Прилеп. Протестот го организираат здруженијата […]

„Формула 1“ повторно во Истанбул во 2027 година, Фелипе Маса на патеката каде испиша историја


По шестгодишна пауза, Формула 1 повторно се враќа во Истанбул, а во пресрет на Турскиот Гран при во 2027 година, градот го пречека Фелипе Маса, трикратниот победник и најуспешниот возач во историјата на трката. Бразилскиот возач престојуваше во Истанбул во рамките на повеќедневна програма организирана од Турската агенција за промоција и развој на туризмот (TGA), […]

Зошто е тешко во Србија да се направи реална анкета?


  Новинарот на агенцијата ФоНет, Ѓорѓе Влаиќ, оцени дека студентите „го разнишаа“ гласачкото тело на Српската напредна партија во последната година или повеќе. „Живеам во страв дека, доколку режимот почувствува можност за неуспех на изборите, ќе посегне по работи што сериозно ќе ја вознемират оваа јавност“, смета тој, пренесува Н1. Коментирајќи ја пораката што постојано […]

Утре посебен сообраќаен режим околу арената „Тодор Проески“, во недела во Илинден


  На 26 септември 2026 година, со почеток во 20:45 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра фудбалски натпревар од Лигата на нации меѓу репрезентациите на Македонија и Швајцарија. Поради одржувањето на натпреварот, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќајот. Од […]

ДПИ со одговор по ревизорскиот извештај: Се работи на доекипирање и ново софтверско решение


По стапувањето на должност директор на Државниот пазарен инспекторат, од наша страна беа согледани дел од недостатоците и предизвиците со кои се соочува институцијата. Токму поради потребата од целосен и независен увид во состојбите, беше поднесено барање за спроведување ревизија до Државниот завод за ревизија. Важно е да се нагласи дека објавениот извештај на Државниот […]

Словенија ја укинува деветолетката, по 20 години


Словенија подготвува голема промена во основното образование, со која сегашниот модел на деветгодишно училиште треба да биде заменет со осумгодишно основно образование. Новиот систем би започнал да се применува од учебната 2028/2029 година. Министерот за образование, наука и млади Борут Рончеviќ го најави новиот модел при претставувањето на резултатите од истражувањето PISA 2025. Резултатите покажале […]

Елмас очекува тежок натпревар, утре против Швајцарија


Со капитенот Енис Барди и селекторот Гоце Седлоски на денешната прес-конференција присуствуваше и еден од нашите најдобри фубдалери Елиф Елмас. Фудбалерот на Аталанта очекува тежок натпревар, но верува во позитивен резултат. „Очекувам тежок натпревар играме со силна репреентација, знаеме кај стигна ова лето на Мундијалот, но ние сме максимално спремни и ќе дадеме се од […]