Дедо сечел топола во Радовишко, гранка го убила неговиот пријател


Илустрација

Вчера во 12:30 часот во радовишкото село Ораовица, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Т.Б.(73) од Радовиш, се наведува во полицискиот билтен.

Според пријавеното, тој околу 10:30 часот на нива во атар на село Ораовица со моторна пила сечел топола, а откако паднала, гранка од неа го погодила Н.Т.(77) од Радовиш, кој заедно со Т.Б. отишол на нивата.

Од здобиените повреди Н.Т. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Радовиш.

 

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица – ОВР Радовиш.