Прекин во снабдувањето со струја утре во делови од општините Бутел, Сопиште, Центар и Илинден
Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Бутел, Сопиште, Центар и Илинден, соопшти ЕВН Македонија АД.
Од 8 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците на ул.„Хо Ши Мин“ во Општина Бутел, а од 08:30 до 14 часот корисниците на ул.„9“ и дел од ул.„1“ во Општина Сопиште.
Без напојување со електрична енергија од 9 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците на ул.„11-ти Октомври“ број 86 и број 52 и околните објекти во Општина Центар, а од 12 до 13 часот дел од корисниците после гробиштата во Општина Илинден.