Утре без струја делови од Скопје


Поради планирани технички зафати, мрежни активности и поставување нова инфраструктура, дел од корисниците во Скопје и околните населени места утре, 29 септември, привремено ќе останат без електрична енергија. Во Општина Бутел, поради активности во ТС „Бутел 24“, прекин во снабдувањето ќе има од 07:55 до 09:55 часот на дел од улиците „Никола Петров“, „Грујица Војвода“ […]

Словенечкиот селектор внимателен пред дуелот со македонската репрезентација


Следен противник на македонската фудбалска репрезентација е Словенија, репрезентација која и вториот натпревар од Лигата на Нациите од групата Б1 го игра на домашен терен. Словенија во саботата одигра нерешено со Шкотска без голови 0:0. За македонскиот национален тим тој изјави: – Тие заслужуваат да бидат во Лига Б, тие се добар тим со врвни […]

Британската полиција ослободи петмина осомничени за тероризам


Британската полиција ги ослободи со кауција петте мажи уапсени под сомнение за планирање терористички напад врз воздухопловната база на РАФ Ферфорд, што ја користи и американската војска. Шефот на британската антитерористичка полиција, Лоренс Тејлор, изјави дека ослободувањето на осомничените не значи дека истрагата е завршена. „Тие се уште се под истрага додека разгледуваме повеќе правци […]

ЕУ дискутира за механизам за одговор на руски „хибридни напади“ по модел на НАТО


Европската Унија денеска започна дискусии за создавање сопствен механизам за вонредни состојби, сличен на НАТО, како одговор на „хибридните напади“ за кои се обвинува Москва, објави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Министрите за одбрана на ЕУ во Брисел ја одржаа својата прва дискусија на таа тема по серијата […]

Бронзата на Рустемовски на ЕП – му донесе признание „Спортист од светска категорија“


Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска го прими македонскиот боксер Ален Рустемовски и му честиташе за историскиот успех и освоениот бронзен медал на Европското сениорско првенство во Софија, Бугарија. Рустемовски со три последователни победи стигна до полуфиналето во категоријата до 60 килограми и го обезбеди бронзениот медал за Македонија. Со овој резултат Македонија повторно има […]

Клоп: Германскиот фудбал не е во најдобра форма во која некогаш бил


Репрезентацијата на Германија вчера доживеа непријатно изненадување во дуелот од Лигата на Нациите и загуби на домашен терен од Грција со 1:0. По дуелот новиот селектор Јирген Клоп, кој на првите два натпревара нема победа (нерешено со Холандија) изјави: –   Се соочивме со многу тактички дисциплиниран противник кој сакаше да освои бодови тука на специфичен […]

„Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век. Погледнете која е на врвот на листата


  „Њујорк тајмс“ објави листа на 100 најдобри телевизиски серии на 21 век. Иако векот не е ни на половина пат, продукцијата, особено во последните 15 години и со појавата на стриминг услугите, понуди исклучително голем број наслови. Критериуми како што се критичките рецензии, гледаноста и културното влијание се земаат предвид при составувањето на таква […]

Тони Михајловски е годинашен лауреат на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“


Истакнатиот македонски актер Тони Михајловски е годинашен лауреат на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“. Признанието му беше врачено денес, на свеченоста одржана во големата сала на Општина Крива Паланка, за неговиот исклучителен актерски талент, повеќедецениска посветеност и траен придонес во македонската култура. Пред почетокот на свеченоста, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, […]

Африм Гаши во посета на Саудиска Арабија


  Собранискиот претседател Африм Гаши е во официјална посета на Саудиска Арабија остварил средба со претседателот на Советот на Шурата, Абдулах бин Мохамед Ал-Шеик. Во составот на делегацијата се и Никола Мицевски, координатор на ВМРО – ДПМНЕ; Оливер Спасовски, координатор на СДСМ и Аднан Азизи, претседател на Пратеничката група за соработка со парламентите на земјите […]

Иранската адвокатка Насрин Сотудеј ја доби наградата за човекови права „Васлав Хавел“ на Советот на Европа


Стразбур – Престижната награда „Вацлав Хавел“ на Советот на Европа денеска и беше доделена на истакнатата иранска адвокатка за човекови права, Насрин Сотудеј, соопшти ова европско тело за човекови права, јави ДПА. „Еден ден, сонцето на слободата ќе засвети и над нашата земја“, изјави Сотудеј во видео-обраќање, бидејќи не можеше лично да присуствува на церемонијата на […]

Лорен Санчез и Меланија Трамп под удар на критики за облеката во Белата куќа


Вашингтон – Изборот на облека на Лорен Санчез за државната вечера на Доналд Трамп предизвика низа коментари на социјалните мрежи. Санчез, сопругата на Џеф Безос, присуствуваше на настан во Белата куќа во чест на кинескиот претседател Си Џинпинг, на кој присуствуваа и истакнати американски бизнис лидери. За таа гала пригода, 56-годишната Санчез носеше црн фустан […]

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија на науките


Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на Киев во средината на денот на 28 септември, при што загина едно лице, а 19 други беа повредени, додека продолжува 24-часовното бомбардирање на украинскиот главен град од страна на Москва. Околу 16 часот по локално време, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека рускиот напад врз центарот на […]

„Турандот“, „Дамата со камелии“ и „Набуко“ во октомври во НОБ


Турандот“ на Пучини и Вердиевите „Дамата со камелии“ и „Набуко“ се на програмата на Националната опера и балет во октомври.  На 9 октомври од 20 часот ќе биде изведена операта „Турандот“ на Џакомо Пучини, која НОБ ја најави како необична љубовна приказна со драмска напнатост и моќни гласови на солистите и музиката. Емотивната приказна за […]

Тејлор Свифт стана најодликуваната поп-ѕвезда во историјата на „Ем-ти-ви“ видеомузичките награди


Лос Анџелес – Освојувајќи ја наградата за видеоспот на годината, американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт, стана најодликуваната уметница во историјата на „Ем-ти-ви“ видеомузичките награди (MTV Video Music Awards – „ВМА“). Таа, имено, претходно го делеше рекордот со Бијонсе – со 30 „ВМА“ награди. Главната награда на вечерта ја освои за „The Fate of Ophelia“. Исто така, […]

Жителите на Пчиња на средба со локалната власт во Куманово, наскоро дополнителна механизација за Краста


Дополнителна механизација и земјиште ќе бидат ангажирани за санација на депонијата Краста, најави денеска кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски по одржаната средба во општината со жители од селата Пчиња, Студена Бара и Винце. На средбата присуствувале и дел од пратениците и претставници од Советот и од директорот на ЈП „Чистота и зеленило“. Димитриевски рече дека со […]

ЕУ демонстрира немоќ кон кандидатите за членство, додека покажува моќ во понудата за Канада, вели Сиљановска


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Салцбург имаше остро обраќање за Европската унија, во кое дури и забележа што таа ѝ понудила придружно членство на Канада, а ги остава земјите кандидати од регионот на чекање. Додека не ги исполнат условите. Таа го повтори ставот на властите дека ниедна европска држава на својот интегративен пат не […]

Министерот Ферати: Спортско ривалство да – омраза и етнички и верски навреди не


Министерот Агон Ферати денеска одржа средба со претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за спорт, ОБСЕ, ФФМ, фудбалските и кошаркарските клубови, како и со претставници на навивачките групи на албанските и македонските клубови.   На средбата опширно се разговараше за состојбите и предизвиците на спортските терени и во спортските сали, со посебен акцент на […]

Германија ги намалува квотите за работници од Балканот, 25.000 визи помалку


Германската влада планира да ги промени правилата за вработување работници од Западен Балкан и да ја преполови годишната квота од 1 јануари 2027 година. Наместо сегашните 50.000, годишно би можеле да се издаваат само 25.000 одобренија. Истата намера беше објавена минатата година, откако беше потпишан коалицискиот договор меѓу ЦДУ/ЦСУи СПД. Според сегашните правила, граѓаните на […]

Серискиот убиец од Старо Нагоричане е со ограничен фонд зборови, но не е психијатриски случај: Бојковски призна три од четирите убиства


Во Основниот суд Куманово, денеска продолжи судењето против Трајче Бојковски, од општина Старо Нагричане, обвинет за четири убиства на жени на подрачје на Старо Нагоричане и два обидa за убиство.Од денешната главна расправа во предметот против Трајче Бојковски, на предлог на обвинителот Љубомир Лапе, обвинителството и одбраната го испитуваа вештото лице, специјалист психијатар и форензички […]

Најавен штрајк на државните службеници во Франција пред презентацијата на буџетот за 2027 година


Во Франција во вторник се очекуваат штрајкови откако синдикатите ги повикаа државните службеници да извршат притисок врз владата пред презентацијата на предлог-буџетот за 2027 година закажан за крајот на оваа недела, објавија денеска француските медиуми. Францускиот премиер Себастијан Лекорни објави дека ќе предложи мерки за штедење во износ од 54 милијарди евра со цел да […]