„Европски дијалози“ во Скопје: Изложбата „Солидарноста како иднина“ го отвора четиридневниот форум за европското наследство и иднината на Европа


Со изложбата „Солидарноста како иднина“ во Музејот на современата уметност вечерва во Скопје ќе бидат отворени „Европските дијалози“, четиридневен меѓународен форум посветен на европското наследство, граѓанското општество и иднината на Европската Унија. Настанот е во организација на Францускиот институт во Париз, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Северна Македонија. Преку поставката „Солидарноста […]

Без вода дел од корисниците од две улици во Центар


Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од дел од улиците „Владимир Полежиновски“ и „20 Октомври“ во Општина Центар. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок со пречник Ф-80 милиметри на улицата „Владимир Полежиновски“ бр. 17 и ќе трае до завршување на работните […]

Промоција на книгата „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“ од академик Таки Фити


Книгата „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“ од академик Таки Фити денеска напладне ќе биде промовирана во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Станува збор за студија посветена на неолибералните економски модели кои доминираат во современиот свет, со анализа на факторите што придонеле за нивниот подем, причините за кризата на неолибералниот концепт и можните […]

Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш


Прага – Илјадници луѓе вчера излегоа на улиците на Прага на протести против деснопопулистичката влада на милијардерот и премиер Андреј Бабиш, јави ДПА. Протестот го организираше движењето „Милион моменти за демократијата“, кое ја обвини Владата дека не прави доволно за зајакнување на националната безбедност и за борба против дезинформациите. „Не треба да ја потценуваме опасноста […]

Променливо време со ниски утрински температури


Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат синоптичарите. Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје слично време со утринска температура до […]

Дамијано Давид од „Манескин“ и Дав Камерон се венчаа во Тоскана


Официјално е: Дав Камерон и Дамијано Давид се во брак. Актерката и фронтменот на групата „Måneskin“ стапија во брак на 24 септември во Монталчино, Тоскана, избирајќи го срцето на долината Вал д’Орча за интимна граѓанска церемонија. Двојката си ги кажа судбоносните „да“ во историската зграда „Палацо Комунале“ во Монталчино, опкружена со декорација од бели хортензии […]

Во Ровињ првпат претставен филмскиот проект за Тоше Проески – приказната што сите ја знаат, филмот што никој не го видел


Еден од најзначајните регионални собири на медиумската, комуникациската и креативната индустрија, Weekend.19 во Ровињ, годинава беше местото каде што за првпат пред публика беше претставен големиот филмски проект за Тоше Проески, зад кој стои ОХО Продукција. Во Старата фабрика за тутун во Ровињ, која од 24 до 27 септември повторно стана средиште на регионалната медиумска, […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 29 септември 2026 година, 272-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 93 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 28 минути, а ќе зајде во 18 часот и 19 минути. Денов трае 11 часа и 50 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Мицкоски очекува конкретизација на проектот со американската ДФЦ за финансирање на „Чебрен и Галиште“


По средбите со претставници на Американската финансиска развојна корпорација (DFC) во САД, Владата очекува во наредниот период да се доразработи концептот за нов проект, да се утврди носителот на инвестицијата и да се дефинира финансиската конструкција за негова реализација, изјави премиерот Христијан Мицкоски во емисијата „Под лупа“ на ТВ Алфа. „Таму разговаравме за можната соработка […]

Жештините, сушата и пожарите предизвикаа штета до 17 милијарди евра на европското земјоделство, само 12 отсто се осигурани


Екстремната топлина, продолжената суша и шумските пожари ова лето предизвикаа штета помеѓу 14 и 17 милијарди евра на земјоделството на Европската Унија, според европскиот комесар за земјоделство Кристоф Хансен. Конечните загуби ќе бидат познати дури по завршувањето на жетвата, изјави Хансен по состанокот на министрите за земјоделство на ЕУ во Брисел. Овогодишното лето особено ги […]

Данска предвидува долгорочно присуство на НАТО во Гренланд по договорот со САД


Данска е уверена дека НАТО ќе одржи силно присуство во Гренланд и поширокиот арктички регион на долг рок по договорот за безбедност со САД потпишан минатата недела, оизјави данскиот министер за одбрана Јепе Брус. Ова година НАТО започна мисија наречена „Арктик воч“ за да ги засили вежбите и патролите во регионот како дел од напорите […]

Русија го зголемува за 27 отсто воениот буџет за 2027 година


Русија планира да потроши 17,1 билиони рубљи (202,58 милијарди долари) за одбрана во 2027 година, околу 27 проценти повеќе од првично планираните 13,5 билиони рубљи и највисоко од почетокот на војната во Украина во 2022 година, јавија западни медиуми кои имале увид во документите. Вкупните трошоци за одбрана ќе изнесуваат 50 билиони рубљи во следните […]

Сатурновиот Енцелад може да биде дом на микроорганизми: Научниците веруваат дека можат да ги пронајдат


Месечината на Сатурн, Енцелад, долго време е едно од најинтригантните вселенски тела во нашиот систем. Новите лабораториски експерименти покажуваат дека одредени микроорганизми би можеле да преживеат во услови слични на оние во неговиот подземен океан, додека други истражувања сугерираат дека вселенските летала би можеле релативно лесно да анализираат траги од тој океан во честички исфрлени […]

Можат ли Сонцето и Месечината да предизвикаат земјотреси? Научниците појаснуваат


Гравитационото влијание на Месечината и Сонцето е познато по тоа што предизвикува плима и осека во океаните, но плимните сили дејствуваат и на самата Земја. Тие предизвикуваат кората малку да се деформира, создавајќи постојани, но многу мали промени во стресот во карпите. Научниците веќе знаат дека ваквите промени можат да бидат поврзани со бавни земјотреси […]

Октомври се ближи, а со него и спектакли на небото: Еве ги осумте настани што нè очекуваат


Октомври носи низа знаменитости за набљудувачите на небото, од два метеорски дожда до опозицијата на Сатурн и затемнувањето на Плејадите од страна на Месечината. На 4 октомври, околу 2 часот по средноевропско време, Сатурн ќе достигне опозиција, односно најблиска точка до Земјата, што ќе го направи да изгледа поголем и посветол. Треба да ја барате […]

МОН објави јавен повик за ромски образовни медијатори – ќе се ангажираат 50 во основните и 35 во средните училишта


До 7 октомври се отворени јавните повици на Министерството за образование и наука (МОН) за ангажирање ромски образовни медијатори за поддршка на образованието на Роми од социјално загрозени семејства или кои се подолго време надвор од образовниот систем. Со повиците се бараат 50 медијатори во основните и 35 во средните училишта за поддршка на учениците […]

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје


Американскиот претседател Доналд Трамп го прашал кинескиот претседател Си Џинпинг дали сака да купи оружје од Соединетите Американски Држави, изјави американскиот амбасадор во Кина, Дејвид Пердју. Пердју потврди во „Фокс њуз сандеј“ дека Трамп отворил можност за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неверојатна продажба, доколку се реализира, би претставувала […]

Русија го стави имотот на германски Метро под привремена управа


Русија го стави имотот на германскиот трговски синџир „Метро АГ“ во таа држава под привремена администрација, беше објавено денеска во декрет на претседателот на Русија. Таквата одлука дојде во време на зголемени тензии меѓу Москва и Берлин поради војната во Украина. Во декретот не е наведена причина за преземање на контролата врз имотот на „Метро“ […]

До 30 септември земјоделците можат да ги поднесуваат барањата за субвенции за 2026 година


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување барања за финансиска поддршка од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година е 30 септември 2026 година. Барањата се поднесуваат електронски преку системот на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Земјоделците можат самостојно […]

Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка една година по преземањето на функцијата


Заменик-директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), Ендру Бејли, денеска објави дека поднесува оставка, малку повеќе од една година откако се приклучи на американската федерална агенција, наведувајќи семејни причини за одлуката. Бејли, републикански сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, ја напушти својата позиција како главен обвинител на Мисури за да се приклучи на ФБИ, каде што […]