Африм Гаши во посета на Саудиска Арабија
Собранискиот претседател Африм Гаши е во официјална посета на Саудиска Арабија остварил средба со претседателот на Советот на Шурата, Абдулах бин Мохамед Ал-Шеик.
Во составот на делегацијата се и Никола Мицевски, координатор на ВМРО – ДПМНЕ; Оливер Спасовски, координатор на СДСМ и Аднан Азизи, претседател на Пратеничката група за соработка со парламентите на земјите од Блискиот Исток и Арапскиот Залив.
На средбата со Ал-Шеик Гаши истакнал дека Македонија придава исклучително значење на односите со Саудиска Арабија и останува цврсто посветена на натамошното зајакнување на партнерството меѓу двете држави, кое се темели на меѓусебна почит, пријателство и заедничка посветеност кон мирот, стабилноста и просперитетот.
Економската соработка останува централен столб на билатералните односи и нашата држава става посебен акцент на промоцијата на инвестициите и дигиталната трансформација, односно развој на сектори кои нудат значителен потенцијал за меѓусебно корисно партнерства меѓу две држави.
Претседателот на Советот на Шурата, Абдула бин Мохамед истакна дека Саудиска Арабија високо го цени пријателството со Македонија и верува дека треба да продолжиме да градиме цврсти односи засновани на меѓусебна почит, разбирање и заедничко верување во дијалогот, соработката и мирните односи меѓу нациите.