„Турандот“, „Дамата со камелии“ и „Набуко“ во октомври во НОБ


Турандот“ на Пучини и Вердиевите „Дамата со камелии“ и „Набуко“ се на програмата на Националната опера и балет во октомври. 

На 9 октомври од 20 часот ќе биде изведена операта „Турандот“ на Џакомо Пучини, која НОБ ја најави како необична љубовна приказна со драмска напнатост и моќни гласови на солистите и музиката.

Емотивната приказна за љубовта на Маргарита и Арманд од балетот „Дамата со камелии“ на Џузепе Верди на сцената на НОБ ќе биде на 22 октомври, а на 30 октомври – Вердиевата опера „Набуко“ – во која солистите,  хорот и оркестарот ќе раскажат  приказна во која, наведува НОБ –  личните одлуки ја менуваат судбината на цел народ.

-Овој октомври ве покануваме на три средби со музиката, танцот и приказните што отвораат големи прашања за љубовта, храброста и слободата, соопшти Националната опера и балет во најавата на претставите.