Трамп: Мислам дека конгресменката Окасио-Кортез ќе се кандидира за претседател


Претседателот Доналд Трамп верува дека Александра Окасио-Кортез ќе се кандидира за претседател, но во исто време ја вклучи меѓу левичарските политичари кои, како што тврди, сега се откажуваат од своите претходни радикални ставови бидејќи стануваат политички товар, пишува Њујорк пост. На прашањето дали Окасио-Кортез ќе се кандидира, Трамп во петокот за Фокс њуз за време […]

Германецот Либман е нов светски рекордер на 1.500 метри слободно


Германскиот пливач Јоханес Либман е новиот светски и европски рекордер на 1.500 метри слободно откако попладнево на Европското првенство во Париз го собори рекордот на Американецот Боби Финки за 3.88 секунди поставен на Олимписките игри во Париз. Тој на убедлив начин стигна до златниот медал откако во текот на целата трка беше лидер и постигна […]

Ангелов: Внимавајте да не предизвикате пожар, доволна е искра за вистинска катастрофа


Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди денеска во видео порака од опжарен терен, каде се гледа само пепел и прашина, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, повикувајќи на поголема внимателност.  Ангелов, претходно денеска информираше дека активни се шест пожари низ државата, но предупреди дека состојбата е се уште алармантна, ако се […]

Полска го покажа своето ново оружје. Тенкови поминаа низ Варшава, авиони го прелетаа градот


Во заднина на тековната руска инвазија на соседна Украина, Полска традиционално го одбележа Денот на вооружените сили во саботата со парада на војници и ултрамодерна воена опрема која се протега на неколку километри. Околу 2.000 војници маршираа низ центарот на Варшава, објави новинската агенција ПАП. Изложени се и бројни видови воени возила и воена опрема, […]

Русија побара објаснување од САД и Турција за наводната продажба на американско оружје на Украина


Русија побара од Вашингтон и Анкара да објаснат дали постојат планови за префрлање на „значителен арсенал“ американско оружје и муниција од Турција во Украина, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека евентуалниот таков трансфер би предизвикал „сериозна штета на нашите билатерални односи со Вашингтон и […]

Митинг пред 100 илјади луѓе: Ердоган ја претстави визијата на владејачката АКП за следниот четврт век


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја претстави визијата на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) за следниот четврт век, во говорот по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на партијата. Годишнината синоќа беше одбележана со голем митинг во паркот „Милет бахчеси“ во главниот град Анкара, на кој присуствуваа повеќе од 100.000 луѓе. Говорот на […]

Хрватските пожарникари објавија шокантно видео од самото средиште на пожарот кај Омиш


Доброволната противпожарна бригада Трогир објави видео од борбата со големиот пожар кој од областа Локва Рогозница се прошири кон Омиш и околните градови. На видеото се гледа како се гасне пожарот во непосредна близина на куќите, во самиот центар на пожарот каде ситуацијата била најтешка. Членовите на бригадата, заедно со бројни колеги, направија извонредни напори […]

(Видео) Вака изгледа хотелска соба на стадионот на Манчестер Сити. Има излез кон трибините


Видео од хотелска соба со поглед директно кон теренот на Етихад стана вирално на социјалните мрежи. „Хотелска соба во стадионот на Манчестер Сити. Ова е лудо“, гласи насловот на објавата на EuroFoot на X, која прикажува една од новите соби создадени како дел од големата реконструкција на домот на Манчестер Сити. Видеото е автентично. Станува […]

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината


Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес, чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5, соопштија попладнево од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. – Земјотресот е почувствуван од жителите на […]

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година, Бирото контактирало со жртвата по 15 години


Основачот на списанието „Плејбој“, Хју Хефнер, повеќепати го контактирал Федералното истражно биро (ФБИ) поради обвинувања за сексуални злосторства против финансиерот Џефри Епстин, но федералните власти не реагирале на неговите предупредувања, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на материјали од судска постапка. Според судските документи, Хефнер го контактирал ФБИ во 2005 година, откако манекенката на „Плејбој“, Одра […]

Уште еден силен земјотрес ја погоди Индонезија, овој пат од 6,9 степени


Нов земјотрес со магнитуда од 6,9 степени денеска повторно го погоди индонезискиот остров Суматра, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Новиот силен потрес се случи само неколку часа откако оваа југоисточноазиска држава веќе беше погодена од друг разорен земјотрес во текот на денот. Епицентарот на новиот земјотрес бил во близина на градот Пематангсиантар, во индонезиската провинција […]

Лице од Германија возел 203 километри на час на автопат кај Гевгелија, полицијата го уапсила


Полициски службеници денеска уапсиле лице од Германија, кое возело со брзина од 203 километри на час на автопатот А1 кај Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Денеска во 08:00 часот, на автопатот „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.Ф.(46) од Германија. При контрола […]

Пожарот на Жеден во Општина Јажинце го гасат трите „ер трактори” на ДЗС


Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ер трактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.  Во видеоизјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои  движењето е тешко.  -Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, […]

Белгија се соочува со најголемиот шумски пожар во својата историја, ЕУ испрати авиони и хеликоптери


Европската Унија денеска испрати три хеликоптери и два авиона за гасење пожари во источниот дел на Белгија, откако земјата побара итна меѓународна помош за справување со најголемиот шумски пожар во својата историја – соопшти европската комесарка за управување со кризи, Хаџа Лахбиб. Пожарот во областа Високи Фени, најголемото заштитено природно подрачје во Белгија, беснее од […]

Земјоделците бараат од државата 5 денари по килограм откупена пченица од Интервентниот фонд


БИТОЛА – Пелагониските земјоделци, производители на жито се незадоволни од откупната цена на пченицата која се движи од 10 до 9,5 денари за килограм и бараат од државата доплата од 5 денари по килограм, средства од Интервентниот фонд. Здруженијата на земјоделци се со став дека оваа година жетвата поминала со катастрофално ниски цени кои не […]

Сара Климоска на црвениот килим во Сараево со славната Емили Вотсон


Сараево – Актерката Сара Климоска, годинава, членка на жирито во главната програма, синоќа, во бел необичен ансамбл и одличниот англиски јазик, блескаше на отворањето на 32. Сараево филм фестивал, кој со црвениот килим наликуваше на Холивуд. Жирито на натпреварувачката програма – долгометражен филм на најпрестижниот филмски фестивал во регионот го предводи актерката Емили Вотсон (претседател), […]

Мицкоски ја обвини опозицијата, се обидела да создаде хистерија за водата во Скопје, за Гостивар, Владата не била одговорна


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ден пред да се рашири веста за наводно загадена вода во Скопје добиле информација дека опозициски партии ќе се обидат да создадат таква хистерија преку социјалните медиуми.  На прашање за кои опозициски партии се работи, одговори дека истрагата сега ја води МВР каде што се повикани десетина луѓе на […]

Девет стихозбирки во потесен избор за наградата „Антево перо“


Жири-комисијата селектирала девет стихозбирки во потесниот круг за доделување на наградата „Антево перо“. Жири-комисијата за доделување на наградата во состав претседател проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска и членовите д-р Атина Цветаноска и Виолета Танчева Златева во потесниот круг ги селектирала поетските книги на Ерол Туфан – „Недовршени песни“, Белинда Сипкоска Гаштарова – „Домот ми е […]

Мароканските сили спречија нов обид за масовен влез на мигранти во Сеута


Мароканските безбедносни сили денеска спречија неколку стотици мигранти, претежно од подсахарска Африка, нелегално да ја преминат границата во шпанската енклава Сеута. Благодарение на интервенцијата на мароканските безбедносни сили, ситуацијата остана мирна на шпанската граница помеѓу Сеута и Мароко, која е во состојба на зголемена готовност со силно присуство на безбедносните сили, јавија шпанскиите медиуми. Марокански […]

Кисела Вода има прилив на првачиња и тоа нè прави среќни, рече Јаневска при отворањето нова училишна спортска сала


Кисела Вода е општина што има прилив на првачиња и тоа нè прави особено среќни, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, која заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска присуствуваше на отворање нова спортска сала во училиште во Припор. Новата спортска сала е со вкупна површина од 460 квадратни […]