Девет стихозбирки во потесен избор за наградата „Антево перо“


Жири-комисијата селектирала девет стихозбирки во потесниот круг за доделување на наградата „Антево перо“. Жири-комисијата за доделување на наградата во состав претседател проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска и членовите д-р Атина Цветаноска и Виолета Танчева Златева во потесниот круг ги селектирала поетските книги на Ерол Туфан – „Недовршени песни“, Белинда Сипкоска Гаштарова – „Домот ми е […]

Мароканските сили спречија нов обид за масовен влез на мигранти во Сеута


Мароканските безбедносни сили денеска спречија неколку стотици мигранти, претежно од подсахарска Африка, нелегално да ја преминат границата во шпанската енклава Сеута. Благодарение на интервенцијата на мароканските безбедносни сили, ситуацијата остана мирна на шпанската граница помеѓу Сеута и Мароко, која е во состојба на зголемена готовност со силно присуство на безбедносните сили, јавија шпанскиите медиуми. Марокански […]

Кисела Вода има прилив на првачиња и тоа нè прави среќни, рече Јаневска при отворањето нова училишна спортска сала


Кисела Вода е општина што има прилив на првачиња и тоа нè прави особено среќни, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, која заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска присуствуваше на отворање нова спортска сала во училиште во Припор. Новата спортска сала е со вкупна површина од 460 квадратни […]

СДСМ бара да биде објавен извештајот дека водата во Гостивар е исправна за пиење


Во Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени – истакна Маја Борозан од СДСМ, на прес конфрренција. Таа посочи дека […]

Три нови инвестиции оваа есен, најавува премиерот Христијан Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови инвестиции за кои договорите се очекува да бидат потпишани оваа есен. Преговорите се во завршна фаза и се очекува да поминат на некоја од следните владини седници.  – Во Брисел имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување на договор. Едниот е […]

Андоновски: Винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино


Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека се проширува опсегот на електронски услуги за компаниите со само еден клик. Андоновски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека винарниците и другите правни лица можат електронски да добијат Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино од Државниот инспекторат за земјоделство. – Наместо посета […]

Њујорк тајмс: Европа работи на алтернативен формат за преговори за Украина


Франција, Германија и Велика Британија работат на создавање свој преговарачки формат за решавање на украинскиот конфликт, стравувајќи дека ќе бидат исклучени од процесот од страна на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на европски претставници. Европските дипломати развиваат формат за идните разговори што би им дал приоритет на европските земји. […]

Пуштена во употреба спортска сала во подрачното училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода


Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно училиште „Круме Кепески“. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони денари и се протега на површина од 440 метри квадратни. Изработена е според најсовремени стандарди.  – За населбата Припор ова е барање веќе подолго време што […]

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“ во интервју во кое го критикуваше ставот на Велика Британија кон Израел, а Лондон го оквалификува неговиот коментар како „целосно неприфатлив“. Во подкаст емитуван вчера на израелското воено радио, премиерот на Израел потсети дека внукот на Винстон Черчил отворено го поддржувал Израел за време на […]

Двоспратен автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија


Двоспратен автобус со српски регистерски таблички кој превезувал 84 патници излетал рано утрово од автопатот „Тракија“ во Бугарија и според досегашните информации на белградски медиуми, во инцидентот нема повредени. Автобусот на туристичката агенција Go2travelling, кој превезувал српски државјани на одмор во Кушадаси, излетал од патот во Бугарија, на околу 150 километри од Софија. Несреќата се […]

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст


Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил. „Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на […]

На Шангајската листа за 2026 година, најдобар е Универзитетот Харвард


Универзитетот Харвард е на првото место на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот. Во најновото рангирање за 2026 година се анализирани повеќе од 2.500 институции, и е објавена и листа на 1.000 најдобри универзитети во светот. На прво место и оваа година е Универзитетот Харвард, по него следуваат Стенфорд, Масачусетски институт за технологија (МИТ), […]

Царината ги проверува пловилата, зголемена наплатата за привремен увоз


Царинската управа денеска соопшти дека во изминатиот период има зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз. Оттаму информираат дека Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР извршило контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро при што извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат. – […]

Уапсени две лица од Битола и Прилеп поради предизвикување пожари


Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. […]

Oтворen 32-от Филмски фестивал во Сараево. Холивудска атмосфера на црвениот тепих


Триесет и второто издание на Сараевскиот филмски фестивал беше свечено отворено синоќа во главниот град на БиХ. Во наредната недела, од 14 до 21 август, Сараево ќе биде домаќин на бројни филмски работници, актери, продуценти и љубители на филмот. Ѕвезден сјај на црвениот тепих Фестивалската атмосфера се чувствуваше на секој чекор, особено пред Националниот театар, […]

Нубаја Гарсија и Питер Сомуа вечерва на „Џез вечерите“ на „Охридско лето“


Една од водечките фигури на новата британска џез-ренесанса, саксофонистката и композиторка Нубаја Гарсија и западноафриканскиот трубач Питер Сомуа со својот состав вечерва се главните имиња на третата „Џез вечер“ што се одржува во рамки на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. За двата концерта резервирана е фестивалската сцена „Долни Сарај“, а вечерта ќе ја отвори […]

Два танкера погодени во Ормуската Теснина


Танкер во сопственост на државната нафтена компанија на Абу Даби, АДНОК, беше нападнат додека минуваше низ Ормуската Теснина, јавија денеска државните медиуми во Емиратите. Нападот се случил синоќа и нема повредени. Тоа е трет таков напад врз бродови управувани од АДНОК во критичниот воден пат во изминатата недела. ОАЕ претходно го обвинија Иран за нападите, […]

ЦУК: Регистрирани 27 пожари, активни шест, еден под контрола


На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека до 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати.  Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај с. Драгов Дол и […]

Врховниот суд на САД пресуди – родителите имаат право да ги изземат своите деца од ЛГБТ наставни содржини, поради верски причини


Одлуката на Врховниот суд на САД во предметот „Махмуд против Тејлор“ (Mahmoud v. Taylor), донесена на 27 јуни 2025 година, претставува една од најзначајните пресуди во последните години во областа на образованието, верските слободи и родителските права. Станува збор за случај во кој родители го тужат училишниот округ Монтгомери во сојузната држава Мериленд, поради неможност […]

Земјотрес со интензитет од пет степени ја погоди Гранада во јужна Шпанија


Земјотрес со интензитет од пет степени ја погоди пошироката област на Гранада во јужна Шпанија рано утрово, при што се оштетени  згради, фасади, покриви и автомобили, но нема повредени, соопштија регионалните власти. Според Националниот географски институт (IGN), земјотресот е регистриран во 1:04 часот наутро, со епицентар на длабочина од два километри во Алхендин, во метрополитенската […]