Негувателки од градинка во Хром и во Берово пријавени за насилство врз дете


Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 14.08.2026, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, таа ѝ кажала дека била удрена од негувателка.

Како што се наведува во полицискиот билтен, мајката пријавила дека нејзината ќерка ѝ се пожалила дека негувателката ја стиснала за ногата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ и против А.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.07.2026, првопријавената, вработена во Општинската јавна установа за деца – градинка во Берово, згазнала на прст од рака на малолетно дете во градинката. Додека, второпријавениот, во истата установа упатувал закани на првопријавената.