Тепале мајки, татковци, сопруги, зетовци…


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(34) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 31.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка, по што од нејзината чанта одзел пари и клучеви од возило.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.А.(52) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 02.08.2026 во семејниот дом, пријавениот физички го нападнал неговиот татко.

На 16.08.2026 околу 16:50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Р.М.(27) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот 27-годишен зет за сестра од Кичево и му се заканувал со остар предмет. Остриот предмет бил пронајден, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање нас лучајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.08.2026 во 20:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 65-годишен жител на селото. Според пријавеното, денеска тој во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 64-годишна сопруга и физички ја нападнал. Тој бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.08.2026 во 22:45 часот во ОВР Гостивар, 52-годишна жена од Гостивар пријавила дека нејзиниот син В.Д., со кого не живеат во исто домаќинство, во текот на денот телефонски ѝ упатувал закани, а претходно неколку пати физички ја напаѓал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.08.2026 во 17:15 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.П.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 41-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.