Јужна Кореја бара формален крај на Корејската војна и поддржува нов самит меѓу Трамп и Ким


Директните разговори меѓу САД и Северна Кореја се првиот чекор кон запирање на севернокорејската нуклеарна програма, изјави денеска јужнокорејскиот министер за обединување Чунг Донг-јанг, повикувајќи на поддршка за обновување на тој дијалог. Чунг истакна дека денуклеаризацијата на Северна Кореја е во интерес на сите засегнати страни и изрази надеж дека односите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг […]

Македонија утре во портокалова фаза, од недела поројни дождови и пад на температурите


Целата територија на Македонија, утре ќе биде во портокалова алертна фаза поради горештините.  Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, […]

Јубилеен РЕсет со „Реплек“ во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата


По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

Португалија забранува бурки на јавни места. Казни до 3.000 евра


Португалија донесе закон со кој се забранува покривање на лицето на јавни места, со казни за прекршок од 150 до 3.000 евра. Новите прописи, наречени „закон за бурка“ од локалните медиуми, забрануваат носење облека што го крие лицето или спречува идентификација, објавува Euronews. Законот, исто така, забранува принудување на другите да ги покријат своите лица […]

10 години од „Џган“ на Вардан Тозија – јубилејна проекција и средба со филмската екипа


Еден од најкултните филмови во современата македонска кинематографија „Џган“ по сценарио и во режија на Вардан Тозија, годинава одбележува 10 години од светската премиера, кога филмот за првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival). Јубилејот ќе биде одбележан на 25 август (вторник), со проекција на филмот на „Rooftop Open Air Cinema“, на отворената катна гаража […]

Прелиминарни резултати од полагањето државна матура во август


Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на државната матура. Освен на интернет-страницата http://www.matura.gov.mk, резулатите се објавени и на огласните табли во училиштата. Учениците кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до училишната матурска комисија. Во согласност со упатството на Државниот […]

Дел од Ново Лисиче добива нов систем за полевање, кај стадиончето „Никола Христовски – Кољо“


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во активностите за поставување нов систем за полевање во Ново Лисиче, спроти паркот „Авионче“, околу Спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“. Овој простор за првпат добива современ систем, со кој се обезбедуваат подобри услови за одржување на тревниците и на зелените површини. Системот ќе биде во […]

Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ, Коми, му се заканувал на Трамп


Министерството за правда на САД оцени дека поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, намерно објавил порака што можела да биде протолкувана како закана кон американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Вашингтон пост“. Според американското Министерство за правда, Коми со објавата соопштена преку социјалните мрежи сакал да го привлече вниманието на јавноста, меѓу другото […]

Синдикалната минимална кошница за август изнесува 68.675 денари, поскапа од јули за 177 денаи


Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675  денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари – информира денеска Сојузот на синдкати на Македонија (ССМ).  За храна и пијалоци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облеја […]

Хари и Меган се враќаат во Велика Британија – како тоа ќе влијае на кралското семејство? 


Лондон – Принцот Хари и неговата сопруга Меган планираат да се вратат во Велика Британија, шест години откако се повлекоа од кралските должности и се преселија во Калифорнија, објавија денеска британските медиуми. Според лондонски „Телеграф“, Хари и Меган планираат до крајот на месецов да ги напуштат САД и да се преселат во приватна резиденција надвор […]

Богатите повеќе не купуваат само статус, туку здравје, време и долговечност


Бостон – По застојот со корона пандемијата, луксузниот пазар повторно расте, но неговиот купувач се менува. Статусот и видливото лого ја губат моќта, додека времето, здравјето, долговечноста, квалитетот и искуствата стануваат нова валута на престижот. Во исто време, најбогатите клиенти стануваат сè поважни за индустријата, а генеративната вештачка интелигенција од технолошки експеримент се претвора во нов […]

Што навистина значи да се биде слободен: Истакнатата филозофка и авторка Леа Ипи гостува во Скопје


На 24 август (понеделник), во рамките на BookStar 2026, во Скопје ќе гостува познатата филозофка, авторка и професорка Леа Ипи, која живее и работи во Велика Британија. Нејзиното гостување ќе го означи и првиот официјален преднастан на годинашното издание на меѓународниот книжевен фестивал „BookStar“, посветен на темата „FREE AT LeAST?“ или „ЧУМУ СЛОБОДА?“. Ипи во Скопје доаѓа како […]

Киев под удар на руски балистички ракети, загинаа 12 луѓе


Дванаесет луѓе загинаа, а повеќе од 30 беа повредени во Киев рано утринава од нападите на Русија со балистички ракети, соопштија украинските власти, додавајќи дека во нападот биле оштетени бројни објекти и бил прекинат доводот на електрична енергија во делови од украинската престолнина. Пожар избувнал во деветкатна станбена зграда во градската населба Соломјански, при што […]

Контејнери за кабаст отпад поставени на осум локации во Гази Баба


До 23 август, на територијата на Општина Гази Баба се поставени контејнери за одлагање кабаст отпад, информираат од ЈКП „Гази Баба 2007“. Контејнерите се достапни на осум локации – во Ергеле, Трубарево, Скопско Поле, Јурумлери, Колонија, Идризово и Дрма. Од јавното претпријатие апелираат граѓаните навремено да го одлагаат кабастиот отпад и тоа исклучиво во поставените […]

Се предлага продолжување на автобуската линија „35“ до Радишани, за бутелчани да се поврзат со Аеродром


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека во изминатиов период до него стигнале повеќе предлози за продолжување на автобуската линија број 35, која во моментов сообраќа на релација Железничка станица – Ново Лисиче – Железничка станица Скопје Север. Предлогот, како што вели Костовски, бил оваа линија да продолжи до Радишани, со што Општина Бутел […]

Возило удри во автобуска постојка на Бит Пазар


Според фотографиите од местото на настанот, во несреќата учествувал патнички автомобил кој претрпел големи оштетувања, особено во предниот дел. Возилото подоцна било подигнато со шлеп-служба. Од силината на ударот била урната и конструкција на автобуска постојка поставена покрај улицата, а на тротоарот и околу местото на несреќата останале расфрлани делови од возилото и од оштетениот […]

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра


Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, […]

Кривични пријави против три физички и едно правно лице од Прилеп, го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари


СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, против К.С.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Против Ј.Д.(41) од Прилеп поради постоење основи […]

Странците цупкаа на граница за да платат казна: В година трева ќе ви никне на автопатот!


На граничниот премин „Табановце“ помеѓу Северна Македонија и Србија, вчера беа забележани редици странски возачи кои чекаат да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени од камерите на системот „Безбеден град“. „Срамота што прават Македонците“, е само еден од лавината коментари на социјалните медиуми по вчерашната примена на системот „Безбеден град“ за странци, поради што на […]

Поранешен таен агент на ЦИА од Косово уапсен во САД и му се заканува депортација


Американската администрација на претседателот Доналд Трамп се обидува да го депортира Блерим Скоро, 55-годишен жител на САД, роден во Косово и татко на три деца, кој тврди дека работел во тајност за американските разузнавачки служби и дека по нападите од 11 септември се инфилтрирал во Ал Каеда, објави Си-Би-Ес њуз. Службата за имиграција и царина […]