Пожарот над Никушак е под контрола (видео)


Пожарот над Никушак е под контрола, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојачнче Ангелов. 

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот.

На терен се ангажирани три противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови.

Директорот Али од терен ја следи состојбата и директно ја координира работата на екипите, со цел навремено локализирање на пожарот, спречување на неговото ширење и заштита на населените места и имотот на граѓаните.

Се повикуваат граѓаните на максимална внимателност и претпазливост, да избегнуваат непотребно движење во погодените подрачја и да ги почитуваат упатствата на надлежните институции.