Во Грција досега регистрирани 157 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13 лица


За една седмица во Грција биле регистрирани 47 нови случаи на вирусот Западен Нил и починале четири лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од почетокот на оваа сезона, заклучно со вчера претпладне во земјата се дијагностицирани и пријавени вкупно 157 домашни случаи […]

Силни бури погодија делови од Германија, една жена загина


Една жена почина, а друга е сериозно повредена откако дрво падна врз нив за време на силни бури што предизвикаа голема штета во делови од Германија во текот на ноќта, соопшти полицијата. Две жени, на возраст од 58 и 47 години, шетале заедно во Валдорф во западната покраина Рајнска област-Фалц, околу 50 километри јужно од […]

Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени


Водата во Северното Море минатиот викенд достигна рекордно висока температура од 21,5 степени Целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт. Температурата е измерена кај платформата „Гуре“, на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени на 8 август 2018 […]

Европол: Криминалните мрежи за отпад ги таргетираат земјите со благи казни


Европол предупреди во 2022 година дека криминалните мрежи сè повеќе го насочуваат отпадот од Западна Европа кон Централна и Источна Европа, дека криминалците користат легални компании за нелегални трансакции со отпад, а УНОДЦ неодамна предупреди дека отпадот завршува во земји со благи казни. На барање на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, вонредна седница на хрватскиот […]

Активни пожарите во мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила


Изутринава во земјава има пет активни пожари и тоа во Мариово (село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила. Пожарот во депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. а изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие […]

Сабаленка загуби од 35. светска тенисерка Бејлек во четвртото коло на турнирот во Синсинати


Синсинати – Белоруската тенисерка и прв светски рекет Арина Сабаленка рано утрово загуби од Чехињата Сара Бејлек во четвртото коло на турнирот во Синсинати, САД, со 6:7 (7:9) и 4:6. Мечот траеше 1 час и 57 минути.  Дваесет и осумгодишната Белорусинка не сервираше ниту еден ас, направи четири двојни грешки и реализираше четири од своите шест […]

Што ќе значи за Македонија враќањето на Евровизија во 2027?


Враќањето на Македонија на Евровизија во 2027  е навистина значајна работа – особено затоа што последен пат настапивме во 2022  во Торино со Андреа Коевска со песната „Circles“ и не влеговме во финале. Македонија досега 19 пати настапила на Евросонг. Владо Јаневски влезе во историјата како прв претставник на Македонија на Изборот за песна на […]

Без струја дел од жителите на Гази Баба


 Без електрична енергија денека ќе останат дел од корисниците од Општина Гази Баба. -Поради исклучување од подземна мрежа – промена на довод до РО (150-240мм2) од Автокоманда 10, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од 16-та Македонска бригада зграда ВА влез 2,3 и 4, во Општина Гази Баба, соопшти РЦУК по добиено известување […]

Мјузиклот „Као какао“ на Венко Андоновски и Влатко Стефановски го затвора „Охридско лето“


Со изведбата на современиот македонски мјузикл „Као какао“, работен по текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски, вечерва на „Долни Сарај“ свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. „Као какао“ е мелодрамска љубовна приказна сместена во 70-тите години на минатиот век, која […]

Македонисти од цел свет во Охрид – се отвора 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ


Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје ќе биде отворена денеска во Конгресниот центар во Охрид. На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова и директорката на […]

Една поинаков репертоар на Полската вечер на „Охридско лето“: Се обрати и новиот министер Сулејмани


Концерт што долго ќе остане во сеќавање на публиката се одржа вчеравечер во црквата „Света Софија“ на традиционалната Полска вечер на „Охридско лето“.  Настапи квартетот „Глам“ и американско-полскиот пијанист Стен Брекенриџ. Овие исклучително добри уметници приредија уникатно музичко доживување за публиката, со репертоар поразличен од оној во изминатите 38 фестивалски денови. На Полската вечер се […]

Јавниот долг на САД расте побрзо од кога било, надмина 40 билиони долари, трошоците за камати експлодираа


Јавниот долг на Соединетите Американски Држави вчера достигна рекордни 40 билиони долари, објави Министерството за финансии на САД. Долгот расте побрзо во последните години, а поради повисоките каматни стапки, трошоците за негово сервисирање исто така нагло се зголемија, пишува Си-Ен-Ен. Мајкл Петерсон, извршен директор на Фондацијата Питер Г. Петерсон, предупреди дека со ова темпо, долгот […]

Дипломатската мрежа на едно место во Скопје – економската дипломатија во фокусот


Амбасадорски совет ќе се одржи денеска и утре во Скопје, со учество на шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство. Како што информираше во вторникот на прес-конференција министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ова е првпат по 2019 година амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава, со физичко присуство на […]

Почнува „МакеДокс“ – распродадена премиерата на Манчевски за Кочани


Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје. Фестивалот ќе биде отворен на 20 август, во 20:30 часот, во Куршумли ан со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот […]

Сончево и многу топло, температурата до 40 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени, соопши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 20 август 2026 година, 232-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 133 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 47 минути, а ќе зајде во 19 часот и 27 минути. Денов трае 13 часа и 40 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Цената на бакарот оди кон 14.500 долари за тон – Македонија има ресурс, но нема нов рудник


Светскиот пазар на бакар повторно се соочува со растечки притисок врз понудата, додека цената на металот се приближува до рекордот од над 14.500 долари за тон на Лондонската берза за метали. За Македонија, која располага со значајни наоѓалишта на бакар, ваквиот развој претставува потенцијална економска можност. Сепак, во земјата во моментов работи само еден рудник […]

Уникатна математика на Мицкоски: пензиите пораснале за 325 отсто со оваа влада во споредба со претходната


Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител, говорејќи околу економската состојба во државата, истакна дека доколку се направи компаративна анализа помеѓу владите на СДСМ и ДУИ и сегашната предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со ВЛЕН и ЗНАМ како коалициони партнери, се доаѓа до заклучок дека просечната плата сега расте за 70% месечно повеќе, а […]

Мицкоски не знае дали ќе постигне решение за евроинтеграциите – не преговарал туку разговарал


Нема никаква дилема дека ќе разговараме, разговараме и сме разговарале со цел да бараме решение за евроинтеграциите. Прашањето е што разговарате и која е вашата црвена линија до која вие одите во тие разговори, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Сител. – Никој тоа не го спори, ниту пак некогаш досега некој тоа […]

Мицкоски планира да го заврши редовниот мандат ако опозицијата не бара избори


Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата планира да го заврши редовниот мандат во 2028 година, но не ја исклучува можноста за предвремени парламентарни избори доколку опозицијата побара нивно одржување. Во вечерашното интервју во емисијата „Тема на денот“ на ТВ Сител, Мицкоски порача дека, доколку опозицијата упати барање за избори, тој е подготвен да свика лидерска […]