„Лукоил“ доби ново продолжување од ОFAC за продажба на имотот во странство
Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата со која му се дозволува на рускиот нафтен гигант Лукоил да продолжи со преговорите за продажба на својот меѓународен имот до 19 септември.
Претходната лиценца требаше да истече на 22 август.
Меѓународните средства на Лукоил вклучуваат рафинерии во Бугарија, Романија и Холандија, како и околу 2.500 бензински пумпи во 19 земји.
Пред да бидат воведени санкциите, компанијата беше вклучена во нафтени проекти во неколку земји, вклучувајќи ги Азербејџан, Казахстан, Узбекистан, Ирак и Египет.
OFAC првично ја додели лиценцата за да му дозволи на Лукоил да преговара и да склучува условни договори со потенцијални купувачи за Lukoil International GmbH (LIG), кој управува со голем дел од неговите странски средства, а секоја конечна продажба сè уште бара посебно одобрение од американските власти.
Лукоил го објави своето повлекување од меѓународните операции откако беа воведени санкциите во октомври 2025 година.
Првиот обид за продажба, договорен со Гунвор, пропадна откако OFAC не ја одобри трансакцијата.
Кон крајот на јануари 2026 година, руската компанија постигна договор со американскиот инвестициски фонд „Карлајл“ за продажба на меѓународните средства, а договорот сè уште чека зелено светло од американскиот регулатор.