Десет нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, АХВ вели нема опасност за луѓето


Од почетокот на јули во земјава потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Болеста е потврдена во одгледувалишта во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Во моментов […]

Гувернерот Славески до студентите практиканти: Вие сте дел од иднината на централното банкарство


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески ги поздрави студентите практиканти кои почнуваат со практична работа во институцијата посакувајќи им успешен почеток и можност за стекнување нови знаења и практични искуства. Како што информира Кабинетот на Славески, средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во годината кога се одбележуваат 80 години централно банкарство – јубилеј […]

Дел од Бардовци без вода поради дефект


Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „4“ во Бардовци, од 9:10 часот прекинато е водоснабдувањето за корисниците од оваа улица, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Во соопштението се додава дека засегнатите ќе останат без вода за пиење сѐ до завршување на работните активности.

СДСМ: Заради ВМРО-ДПМНЕ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра


Опозициската СДСМ во соопштение до медиумите обвини дека поради политиките на владејачката ВМРО-ДПМНЕ државата губи милијарди евра. „ВМРО-ОКГ повторно плаши дека граѓаните ќе изгубат 4,2 милиони евра од ЕУ поради Изборниот законик. Заради политиката на изолација држава, ВМРО-ОКГ, Македонија не губи 4 милиони, туку милијарди евра“, се вели во соопштението од СДСМ.  Од СДСМ додаваат […]

Музичка вечер на „Охридско лето“ со уметниците на италијанското „Кимера“ трио


Музичката програма на годинешното 66. Издание на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на италијанското „Кимера“ трио, со уметниците Марта Черета на пијано, Стефано Ракањи на виолина и виолончелистот Џорџо Лукини.  Триото „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по […]

СП 2026: Кејн – Мислев дека сме подготвени да одиме до крај


Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн рече дека се чувствува ужасно по поразот во полуфиналето од Аргентина со 2-1 и неуспехот да се пласираат во финалето на Светското првенство, кое Англичаните го чекаат од 1966 година. „Чувството е ужасно, не бевме доволно добри за ова ниво“, изјави Кејн по натпреварот што синоќа се одигра […]

САД воведоа 25 отсто царини за бразилски производи, Бразилија ги отфрли мерките


Американската администрација воведе дополнителни царини од 25 отсто за низа производи од Бразил, по истрага што ја спроведе Канцеларијата на трговскиот претставник на Белата куќа. Мерките ќе стапат во сила на 22 јули. Од царините ќе бидат изземени одредени производи што не се произведуваат во САД, како и стоки чие оданочување би можело да влијае […]

Трета жртва во сообраќајката на Халкидики кај Полигирос, загинаа мајка, татко и шестмесечно бебе од Молдавија


Во сообраќајна несреќа на Халкидики при директен судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство од Молдавија, животот го загубија мајка, татко и шестмесечно бебе, додека другото дете е сериозно повредено, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се случи вчера попладне на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос, од […]

СП 2026: Скалони – Моите фудбалери се уникатни, а нашите навивачи фантастични


Нашите натпревари на ова Светско првенство се импресивни, изјави воодушевено аргентинскиот селектор Лионел Скалони по синоќешниот триумф над Англија со 2-1 и пласманот во финалето. Актуелниот светски првак беше во гол негативата во полуфиналето во Атланта, откако Ентони Гордон ѝ донесе водство на Англија во 55. минута, по што следуваше 40. минутна опсада кон голот […]

Тухел: По натпреварот има милиони тренери кои знаат сѐ и подобро


Англиските фудбалери беа неверојатно елиминирани од финалето на Светското првенство. Англија водеше против Аргентина со голот на Ентони Гордон во 55-тата минута, но Аргентина го освои полуфиналето на Светското првенство со головите на Енцо Фернандез во 86-тата минута и Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското продолжение. Селекторот на Англија, Томас Тухел, беше разочаран по […]

Промоција на повикот за учество на македонските компании на ЕКСПО 2027 во Белград


Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 Белград, во партнерство со Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) и поддршка од Генералниот секретаријат на Владата, отвора јавен повик за учество на македонските компании во деловната програма на светската изложба ЕКСПО 2027, која ќе се одржи во Белград, Република Србија, од 15 мај до 15 август 2027 година. […]

Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокада


Иран ноќеска изврши напади врз Бахреин, Кувајт и Јордан, откако САД ја обновија поморската блокада на иранските пристаништа и ги засилија воздушните напади. Ирански медиуми јавуват дека противвоздушната одбрана во Техеран била активирана за да одговори на, како што се наведува, „непријателски закани“. Американските сили синоќа извршија напади врз ирански крајбрежни утврдувања и ракетни бази […]

Силен руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса


Украинскиот главен град Киев рано утрово бил цел на масовен руски напад со балистички ракети, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Кличко на „Телеграм“ објави дека било погодено магацинско складиште во западниот дел на градот, а остатоци од соборени дронови паднале на спротивниот брег на реката Дњепар, каде избувнал пожар. Пожарот бил локализиран, а изгаснат бил и […]

Без вода дел од Горно Соње, Рашче, Бојане и Копаница


Без електрична енергија денеска од 08:00 до 12:00, ќе бидат корисниците во населбата Коштан во Горно Соње, информира РЦУК Скопје. Вода од 08:30 до 15:00 часот ќе немаат и корисниците во селата Рашче, Бојане и Копаница во општина Сарај.

Седница на Економско-социјалниот совет


Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да одржи седница.  Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на ЕСС, а Министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование.  На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната […]

Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот, како што соопшти МНРиНТ, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, […]

Собранието ќе ја продолжи 111. седница, на дневен ред и Законот за соодветна и правична застапеност


Собранието денеска треба да продолжи со работа по 111. седница. На дневен ред на седницата се Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог на завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година, Предлог […]

Сончево и топло до 38 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. […]

Аргентина ја нокаутира Англија со спектакуларен пресврт и закажа финале со Шпанија, ќе гледаме дуел Меси – Јамал


Аргентина е во финалето на Светското првенство. Во драматично полуфинале во Атланта, ја победи Англија со 2:1 по голем пресврт во финалето. Англија водеше со голот на Ентони Гордон во 55-тата минута, но Аргентина го доби дуелот за титулата светски шампион со головите на Енцо Фернандез во 86-тата минута и Лаутаро Мартинез во втората минута […]

Пред три години, оваа европска река беше опасна за пливање, но денес е голем хит


Париз доживува исклучително високи температури ова лето – живата во термометарот се искачува на 40 степени Целзиусови. Затоа не е изненадувачки што неговите жители бараат освежување. До неодамна, пливањето во Сена беше многу опасно – и поради отпадните води и високата концентрација на бактерии E.coli, како и поради густиот речен сообраќај и силните струи. Од […]