Дел од Бардовци без вода поради дефект
Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „4“ во Бардовци, од 9:10 часот прекинато е водоснабдувањето за корисниците од оваа улица, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Во соопштението се додава дека засегнатите ќе останат без вода за пиење сѐ до завршување на работните активности.