Седница на Економско-социјалниот совет


Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да одржи седница. 

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на ЕСС, а Министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование. 

На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, но, сепак, како што рече, не е исклучено да се разговара и за тоа.

Економско-социјалниот совет го сочинуваат 12 членови, по четири од Владата, од репрезентативниот синдикат и од репрезентативното здружение на работодавачи на национално ниво.