ТАВ Македонија втора година по ред добитник на сертификатот Great Place To Work®


Концесионерот на македонските аеродорми, ТАВ Македонија, добитник е на сертификатот Great Place To Work® (март 2026 – март 2027), втора година по ред.  Од ТАВ Македонија денеска соопштија дека престижната награда се базира целосно на она што го кажуваат сегашните вработени за нивното искуство во работењето во компанијата. Сертификацијата доаѓа по темелна евалуација на политиките […]

Новиот граничен премин меѓу Бугарија и Македонија доби „зелено светло“ во Софија


Еколошките процедури за изградба на новиот граничен премин меѓу Бугарија и Северна Македонија се одобрени од Врховниот експертски совет за животна средина при Министерството за животна средина и води, објави Министерството за регионален развој и јавни работи. Одлуката дава „зелено светло“ за спроведување на инвестицискиот предлог за изградба на граничниот премин Струмјани – Берово (Клепало), […]

Кои беа најбогатите, а кои најсиромашните европски земји во 2025 година


Бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител изразен во стандард на куповна моќ (PPS – ППС ) е широко користена мерка за споредување на нивото на националниот доход, бидејќи ги зема предвид разликите во цените. Во текот на 2025 година, БДП по глава на жител во ППС значително варираше низ цела Европа. Со просекот […]

Зошто холивудските ѕвезди ги напуштаат САД за популарна европска земја?


Холивуд долго време е познат како Фабрика за соништа, место каде што уметниците се собираат во потрага по слава. Сепак, се чини дека ја губи својата привлечност во последниве години, бидејќи сè повеќе познати личности ги напуштаат САД и се селат во Франција. Приливот е толку значаен што европската земја го доби прекарот „Фроливуд“. Анџелина […]

Уапсени двајца скопјани барани со потерници – едниот поради обид за убиство, другиот за уништување на изборен материјал


Вчера полициски службеници од ОКР Кисела Вода, ОКР Ѓорче Петров и ОКР Центар – Бит Пазар при СВР Скопје, лишиле од слобода две лица кои биле барани по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворски казни, информираа од МВР. Лицето Н.Ј. (44) од Скопје било барано за издржување казна затвор во траење од три […]

Трката за прв европски банкар започна: Кои се фаворитите и што ќе биде пресудно?


Трката за наследник на Кристин Лагард веќе започна, дури и пред нејзиното заминување официјално да биде потврдено. Дискретно пласираните информации од средината на февруари за можно предвремено заминување од функцијата беа доволни за да предизвикаат политичко и институционално позиционирање во рамките на еврозоната. Иако Лагард јавно тврди дека сè уште не донела конечна одлука, шпекулациите […]

Војната во Иран им дава на САД невидена енергетска доминација


Претседателот Доналд Трамп не го нападна Иран за да ја зајакне американската економија на сметка на нејзините сојузници, но тоа е всушност она што се случува. Војната со Иран ја прави американската економија подоминантна од кога било. Статусот на голем извозник на енергија му дава на Трамп предност во однос на другите земји. „Не можеме […]

Џејми Оливер ќе готви во Белград и во Тиват


Славниот британски готвач Џејми Оливер наскоро ќе пристигне во регионот, каде што ќе биде гостин во своите ресторани во Белград и Тиват кон средината на април, внесувајќи допир на автентична италијанска кујна. На Инстаграм страницата на неговиот ресторан во Белград беше објавено дека популарниот готвач лично ќе учествува во ексклузивни гастрономски настани. Посетителите ќе имаат […]

Поскапото гориво во Германија донесе неочекуван ефект на германските автопати


Порастот на цените на горивата почна да го менува однесувањето на возачите, а последиците се веќе видливи на патиштата. Според податоците и набљудувањата од Германија, сè повеќе возачи на автопатите возат побавно од порано, најчесто помеѓу 110 и 120 км/ч. Причината е едноставна – поголемата брзина значи и значително поголема потрошувачка на гориво. „Возачите станаа […]

Туристите ги менуваат плановите поради војната, една европска дестинација бележи огромен раст


Пoради неизвесноста на Блискиот Исток, британските туристи сè повеќе ги менуваат своите планови за одмор. Тие се свртуваат кон побезбедни и посигурни дестинации, но исто така сè повеќе размислуваат за подолги патувања. Според податоците од британскиот таблоид The ​​Sun, повикувајќи се на анализа од страна на сајтот за споредба на цени TravelSupermarket, во првите денови […]

Запали огромен магацин со тоалетна хартија: „Сѐ што требаше е да ни платите доволно за да живееме“


Незадоволен вработен запали огромен магацин полн со тоалетна хартија и други хартиени производи во Онтарио, Канада. Откриено каде избегал Ведран Павлек! Тој повеќе не е во Турција Тој се разоткри со објавување видео на социјалните мрежи во кое може да се види како пали тоалетна хартија со запалка, а во тој процес се жали на […]

Со 5 милиони долари од САД ќе се унапредуваат државните сајбер капацитети


Министерството за дигитална трансформација информира дека со усвојување на заедничка изјава успешно завршил Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави во Вашингтон, со конкретни резултати во областа на сајбер-безбедноста и дигиталната инфраструктура. „Соединетите Американски Држави ја најавија својата намера за обезбедување техничка поддршка за зајакнување на дигиталната инфраструктура на институциите во Македонија преку програмата […]

Да не беше Унко, немаше да биде Горан, да не беше Горан, немаше да биде Дејан


Дејан Дуковски во македонската драма и театар влегува кон крајот на 80-тите и 90-тите години и тогаш се случува превртување на тогашната сцена. Дуковски постави тренд во европскиот театар. Иако многумина умеат да кажат дека фамозниот тренд на постмодерната драма, или познат како „театар на крв, сперма и пот“ (In yer face theatre), започнал од […]

Васил Пеевски е најдобар македонски бармен, ќе не претставува на Светското првенство во Макао


Во организација на Здружението на бармени вчера во хотелот „Континентал“ се одржало 17. државно првенство на кое учествувале 28 бармени од повеќе градови од државава.  Пред стручното жири, бармените ги презентирале своите креации, а титулата најдобар бармен ја освоил Васил Пеевски кој оваа есен ќе ја претставува Македонија на Светското првенство на бармени во Макао.  […]

Поп-пејачката Бојана Скендеровски стана амбасадор на хуманоста на Домот за деца без родители „11 Октомври“


„Малите дела на добрина можат да го променат светот многу повеќе од големите зборови“ – со оваа порака поп-пејачката Бојана Скендеровски сподели значаен момент од својот живот и кариера. Од вчера таа и официјално ја презеде улогата амбасадор на хуманоста на Домот за деца без родители „11 Октомври“, откако беше потпишан меморандум за соработка со директорката на установата. […]

„Кралицата на кетаминот“ која е одговорна за смртта на Метју Пери доби 15 години затвор


Лос Анџелес – Џасвин Сенга, која го набавила лекот што ја предизвика смртта на ѕвездата од „Пријатели“, Метју Пери, е осудена на 15 години затвор, објавија американските медиуми, повикувајќи се на судот во Лос Анџелес. Обвинетата, позната како „Кралицата на кетаминот“, минатиот септември се изјасни за виновна по пет обвиненија. Според обвинителството, таа, меѓу другото, […]

Повторно отворени сите свети места во Стариот град на Ерусалим


 Џамијата Ал-Акса, која беше затворена од почетокот на војната со Иран, утринава беше повторно отворена за рана молитва, објави јорданскиот верски орган кој управува со комплексот во Стариот град на Ерусалим. Полицијата во Ерусалим вчера објави дека од утрово ќе ги укине ограничувањата на сите свети места во Стариот град, откако беше постигнат договор за […]

Објавен прв том од избрани дела на Томислав Османли


Љубителите на убавата домашна литература деновиве одново ќе имаат можност да се сретнат со еден од најоригиналните македонски современи романи. Со поддршка на Министерството за култура и туризам, книгоиздателството „Виг зеница“ го објави романот „Дваесет и првиот“, едно од најбележитите дела на македонскиот писател Томислав Османли. Станува збор за првата книга од повеќегодишниот проект на […]

Уапсен радовишанец – предизивикал пожар на планината Плачковица, каде изгорела викендичка


Од МВР информираат дека вчера во 16 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода З.К.(64) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој бил затекнат во близина на местото каде што настанал пожар на планината Плачковица во близина на Радовиш, при што била зафатена шума […]

Мицотакис: Неприфатливо е бродовите да плаќаат надомест за премин низ Ормускиот теснец


Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, денеска рече дека е неприфатливо бродовите да плаќаат надомест за премин низ Ормускиот теснец, како што тоа го предложил Иран, оценувајќи дека таквиот потег би претставувал опасен преседан за слободата на пловидбата. Мицотакис потсети дека пловидбата низ Ормускиот теснец секогаш била слободна, порачувајќи дека таквата пракса мора да продолжи. Белата куќа […]