ДУИ најавува блокада на законот за “двојните државјанства”


Законот за пратеници, со кој ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се натпреваруваат кој ќе забрани двoјно државјанство за повеќе функционери, ќе биде блокиран, најавуваат од ДУИ. “Законот за пратеници е еден од законите за кои според новиот Деловник важи филибастеринг, односно не се ограничени дискусиите за пратениците. Ние можеме да го блокирамe и со еден амандман, […]

Полагале испити од наредната година, а не ја завршиле претходната


Полицијата поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ против директор и неговата заменичка во училиште во Куманово. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против А.Б.(46) од Куманово и против С.Д.(41) од село Лојане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. […]

ЕУ официјално го одобри заемот за Украина и воведе нови санкции против Русија


Земјите-членки на Европска Унија денеска и формално го одобрија заемот за Украина од 90 милијарди евра и 20-иот пакет санкции против Русија, соопшти кипарското претседателство. И двете одлуки на ЕУ досега беа блокирани од унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, оправдувајќи го своето вето со наводното доцнење на Украина во поправката на нафтоводот „Дружба“, кој […]

Јамал би требало да е подготвен за СП


 Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, ќе отсуствува од теренот до крајот на сезоната поради повреда на тетивата, објави денеска шпанскиот клуб. Јамал ја повреди тетивата на натпреварот против Селта во средата, а Барселона соопшти дека 18-годишниот шпански крилен напаѓач би требало да биде подготвен за Светското првенство оваа година. Оваа сезона, Јамал одигра вкупно 45 […]

Трамп: Ѝ наредив на морнарицата да пука и да го крене во воздух секој брод што поставува мини во Ормуската Теснина


Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека ѝ наредил на американската морнарица да „пука и да го крене во воздух“ секој брод што поставува мини во Ормуската Теснина. Тој на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Socia) објави дека „миноловците токму сега ја чистат Теснината“. – Наредив американската морнарица да пука и да го […]

Алиу: За секој денар од акциза од тутун економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето


Министерот за здравство Азир Алиу, денеска, на состанокот на Економско-социјалниот совет во Владата, ги презентира новините во предлог-законот за заштита од пушење. – Постојниот закон е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност, особено со појавата на нови производи, како што се електронските цигари и несогорливите тутунски производи, нејасните правила за угостителските […]

Во недела пренасочување на сообраќајот во Аеродром: Ќе има трка


Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка, информираа од полицијата. – Во недела (26.04.2026) во периодот во 09:00 часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„АСНОМ“ на […]

Лекар ќе може да евидентира во систем пациент што претрпел насилство


Анализите покажуваат дека, освен семејно насилство, има и институционално насилство во системот – изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешната собраниска седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на која се разговара за спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите […]

Зелен Хуман Град против „рудникот на смртта“ во Крива Паланка


Зелен Хуман Град покрена кампања против отворањето на рудник за антимон во Крива Паланка нарекувајќи го прокетот „рудници на смртта“.    -Зошто рудниците се многу опасни и не смееме да дозволиме да се отвараат нови?Во мај 2014, за време на големите поплави во Србија пукнала браната за јаловина на рудникот за антимон (Sb) „Столице“. Се […]

За Митева заканата на Филипче е „незрела“


Портпаролката на Владата, Марија Митева, ја нарече незрела најавата на СДСМ дека ќе се повлечат од работната група за Изборниот законик ако се укине техничката влада. Според неа, со ваквите најави лидерот на опозициската партија, Венко Филипче нема да успее да ја скрие реалноста со која се соочува неговата партија и додаде дека сега се […]

Преку словенечки искуства до подобар систем за образование на медицински сестри


Партнерството со Словенија преку проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија“ продолжува и во периодот 2026–2028. „Во Словенија секогаш гледаме силна поддршка за нашата интеграцијата во ЕУ, а преку конкретната соработка во образованието и во здравството, како и преку пренесување на добри практики, овој сложен процес можеме многу […]

Николоски нема да бара отстапки од Грција за новата процедура на граница


Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, нема да го следи примерот на земјите од соседството кои од Грција бараат во летната сезона да бидат суспендирани биометриските процедури на границите. Според него таквите барања се маркетинг. „Ова покрај технички се и политички прашања. Во вакви прашања мене секогаш ми била целта да ја завршиме работата, […]

Рѓата можеби ќе ја спаси електричната мрежа – батерија складира енергија подолго од литиум-јонска


Највозбудливиот пробив во чистата енергија за 2025 година не е соларен панел или нуклеарен реактор. Тоа е ‘рѓа. Компанијата наречена Форм Енерџи изгради батерија што складира електрична енергија со намерно ‘рѓосување на железните пелети. За време на празнењето, батеријата „дише“ кислород од воздухот, што го претвора железото во ‘рѓа и ослободува енергија. За да се […]

Рокас оцени дека Скопје има уште многу работа пред себе како Европска престолнина на културата во 2028


Шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, денес, на конференцијата „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во рамки на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“, во присуство на дипломатскиот кор на земјата и функционери од Матера, Подгорица, Торино, Валета, Инстанбул… истакна дека титулата европска […]

Зоран Ристоски избран за директор на МРТ, јавниот сервис според Левица останува партиски плен


Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија (МРТ) ја информираше јавноста дека Зоран Ристоски е избран за нов директор на јавниот сервис. Одлуката е донесена по спроведена постапка во која наводно пресуден бил квалитетот на понудената програма за работа, иако во јавноста со месеци се вртеше информацијата дека токму тој ќе биде избран на оваа функција.  Програмскиот […]

Божиновска на Делфи економскиот форум: Поврзаноста е важно прашање за енергетската безбедност


Енергетската безбедност е многу важно прашање, никоја земја не треба да биде сама, потребна ни е поврзаност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска за време на нејзиното учество на панел-дискусија посветена на енергетиката на Економскиот форум во Делфи, Грција, јави дописничката на МИА. Министерката детално се осврна на плановите и чекорите […]

Бројот на милијардери во светот би можел да достигне 4.000 во наредните пет години


Бројот на милијардери во светот би можел да се приближи до бројката од 4.000 до 2031 година, покажуваат податоците на консултантската куќа за недвижности „Knight Frank“, додека најбогатите забрзано го зголемуваат своето богатство. Според анализата на „Knight Frank“, моментално во светот има 3.110 милијардери, а се очекува нивниот број да порасне за 25 отсто во […]

Митева: „Макпетрол“ ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас за пет денари


„Макпетрол“ од полноќ ја намали малопродажната цена на течен нафтен гас за пет денари за литар, од 59 на 54 денари. Истовремено, во трговијата на големо е евидентирано намалување од десет денари за килограм, што во пресметка значи приближно пет денари за литар – изјави денеска на прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева. – Она […]

Почна Саемот на книгата под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“


 Речиси 30.000 посетители, повеќе од 130 промоции на наслови, присуство на над 60 издавачки куќи – богата програма со специјални попусти, книжевни панели и интерактивни работилници, ќе понуди  38. Саем на книгата, кој почна денеска и ќе трае до 29 април. Саемот се одржува во арената „Борис Трајковски“ со мотото „Отвори прозорец кон нови светови“, […]