ДУИ најавува блокада на законот за “двојните државјанства”


Фото: Б. Грданоски

Законот за пратеници, со кој ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се натпреваруваат кој ќе забрани двoјно државјанство за повеќе функционери, ќе биде блокиран, најавуваат од ДУИ.

“Законот за пратеници е еден од законите за кои според новиот Деловник важи филибастеринг, односно не се ограничени дискусиите за пратениците. Ние можеме да го блокирамe и со еден амандман, ама имаме најмалку 30, порачале од ДУИ за ТВ 24.

Освен ДУИ,  амандмани за законот  имаат од СДСМ, а интервенции има и независниот пратеник Бејџан Иљас.