Катедралата во Келн ќе почне да им наплаќа на туристите, цената на билетот сè уште не е утврдена


Една од најпознатите знаменитости на Германија, Келнската катедрала, планира наскоро да воведе влезница за туристите. Целта на одлуката, која се очекува да стапи на сила во втората половина од годината, е да се обезбеди постабилно финансирање на катедралата. Директорот на катедралата, Гвидо Асман, потврди дека туристите наскоро ќе мора да плаќаат за влез. „Мораме да […]

Чави го обвини Лапорта за неуспешното враќање на Меси во Барселона во 2022 година


Поранешниот тренер на Барселона, Чави, зборуваше за неуспешното враќање на Лионел Меси во клубот по Светското првенство во 2022 година. – Враќањето на Меси во Барса по Светското првенство во 2022 година беше завршена работа. Лео го сакаше тоа, имавме дозвола од Ла Лига. Но, Лапорта (Жоан Лапорта, претседател на Барселона од 2003 до 2010 […]

Вицепремиерот Николоски во посета на САД, средби во Светска банка и Стејт департментот


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во наредните три дена ќе престојува во САД,  каде ќе има средби во Светска банка и Стејт департментот и ќе се обрати и на главната пленарна сесија на годишниот форум „Transforming Transportation 2026″, заедно со еврокомесарот Апостолис Цицикостас.   „Николоски ќе зборува на тема „Коридори за одржливо поврзување” […]

Г7 свикува итен состанок за нафтата по падот на берзите


Земјите од Групата седум водечки индустриски демократии (Г7) денеска ќе одржат итен состанок за растот на цената на нафтата, откако таа надмина 100 долари за барел, а светските берзи забележаа пад поради ескалацијата на војната меѓу САД, Израел и Иран. Министрите за финансии од водечките индустриски земји ќе се состанат попладнево за да разговараат за […]

Се запали воз на станица во Хрватска


Воз се запали на железничката станица Велика, соопшти Полициската управа Пожега-Славонија. Пожарникарите беа испратени на местото на настанот и почнаа да го гаснат пожарот. Во моментов нема информации за причината за пожарот или за повредени лица.

Со лажни сообраќајки извлечени 60.000 евра од 10 пензионери


Конечно, разрешница со шемата со лажни сообраќајки преку која беа измамени голем број повозрасни граѓани за сериозни суми.  – Основното јавно обвинителство Битола со координација на дејствија на Истражниот центар во тоа обвинителство и на СВР Битола откри разработена шема на измами на граѓани со лажни сообраќајни несреќи, преку која на подрачјето на ОЈО Битола […]

Досега 10 бродови нападнати во Ормудскиот теснец. Прометот на нафта намален за 90%


Според податоците на MarineTraffic анализирани од AFP во петокот, од понеделник се откриени само девет комерцијални бродови – танкери, товарни бродови и контејнерски бродови, кои повремено ги кријат своите позиции. Фирмата за поморска безбедност Vanguard соопшти дека Mussafah 2 бил погоден од две ракети додека се обидувал да му помогне на контејнерскиот брод Safeen Prestige, […]

Европа станува најголем увозник на оружје во светот


Европа стана водечки увозник на оружје во светот во последните пет години, што е директен резултат на реакциите на владите на руската закана и намалената доверба во безбедносните гаранции на САД, според најновите податоци објавени во понеделник од страна на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (SIPRI), објави Ројтерс. Увозот на оружје во […]

„Анима Мунди“ : Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје


Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје, реагираат од Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. Во пресрет на новото судско рочиште за случајот со закланите коњи во Зоолошката градина Скопје од јули 2022 година, кое како што информираат, треба да се оддржи денеска во 10:30 часот, здружението испратило барања за слободен пристап до […]

Минусна утринска температура во Берово и Попова Шапка


Во Берово и Попова Шапка изутринава измерена е температира од – 1 степен Целзиусов, 0 во Крива Паланка, 1 во Mаврови Анови, 2 во Лазарополе и Kрушево, 4 во Виница, 5 во Битола и Претор, 6 во Прилеп и Кавадарци, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Штип и Охрид, 8 во Скопје-Петровец, Тетово и Куманово, […]

Апетитот на Германците за донер ќебап расте и покрај повисоките цени


Побарувачката за донер ќебап во Германија расте и покрај зголемувањето на цените на брзата храна, според нова студија. Просечната цена на лепче исполнето со зачинето месо и салата во земјата минатата година била 6,70 евра. Тоа е за 47% повеќе отколку во 2021 година, кога изнесувала 4,85 евра, според YouGov, институт за истражување на јавното […]

Азиски берзи: Остра распродажба поради цените на нафтата


Јужнокорејскиот Kospi го активираше својот втор прекинувач во четири сесии во понеделник, предизвикувајќи поширока регионална распродажба бидејќи цените на нафтата се приближија до 120 долари за барел за прв пат од 2022 година. Таканаречениот „прекинувач“ (circuit breaker) е механизам што се активира за да се спречи панично распродавање на акции. Индексот падна за повеќе од […]

По повеќекратни напади со беспилотни летала: Турција испраќа Ф-16 во северен Кипар


Турција планира да распореди шест борбени авиони Ф-16 во северен Кипар во понеделник за да ја зајакне одбраната на турската заедница таму, објави телевизијата НТВ. Оваа телевизија се повика на извори во Турската Република Северен Кипар, односно делот од Кипар што е под контрола на оваа земја. Извор од турското Министерство за одбрана во саботата […]

Бенфика се спаси по 0:2 со Порто, Мурињо беше исклучен кон крајот на натпреварот


Бенфика и Порто одиграа нерешено 2:2 синоќа во 25. коло од португалската Премиер лига. Натпреварот се одигра на „Естадио да Луж“ во Лисабон. Виктор Фрохолд и Оскар Пјетушевски ги постигнаа головите за гостите во првото полувреме.  Андреас Шјелдеруп и Леандро Бареиро ги постигнаа головите за домаќините во второто полувреме, а Бареиро израмни во 89. минута. […]

Зелените победија на регионалните избори во Баден-Виртемберг


Германската партија Зелени победи на регионалните избори во југозападната покраина Баден-Виртемберг, пред конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на канцеларот Фридрих Мерц, покажуваат прелиминарните резултати од гласањето, јави ДПА. Зелените освоија 30,2 проценти од гласовите и имаат мала предност пред ЦДУ, која доби 29,7 проценти, според податоците објавени на веб-страницата на покраинската статистичка служба по пребројувањето на […]

Трамп: Краткорочниот скок на цената на нафтата е мала цена што треба да се плати за светскиот мир


Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи на социјалната мрежа Truth Social откако светските цени на нафтата се искачија на повеќе од 100 долари за барел, како резултат на војната што САД и Израел ја водат против Иран од минатата недела. Како и секогаш, Трамп ги минимизираше негативните ефекти од војната, велејќи дека дури и […]

32 сезони подоцна: Модeн викенд Скопје како културна архитектура 


Постојат настани што траат една вечер. И постојат платформи што градат систем. Триесет и две сезони подоцна, Fashion Weekend Skopje повеќе не е само моден календар. Тој е архитектура и структура што ја обликува сцената, ги поврзува индустриите и создава културен континуитет. Од 27 до 29 март 2026 година, 32-то издание на Fashion Weekend Skopje […]

Државната нафтена компанија на Бахреин прогласи виша сила и ги запре испораките на нафта


Државната нафтена компанија на Бахреин прогласи виша сила денеска и ги запре испораките на нафта откако Иран ја запали нејзината рафинерија во напад. Најавата за вишата сила, правен механизам што ја ослободува компанијата од договорни обврски поради вонредни околности, ја пренесеоа медиумите во Бахреин. Во соопштението се вели дека работењето на компанијата е „засегнато од […]

Сабаленка ќе се соочи со Осака во четвртото коло на турнирот Индијан Велс


Јапонската тенисерка Наоми Осака ноќеска ја победи Колумбијката Камила Осорио во меч од третото коло на турнирот Индијан Велс со 6:1, 3:6 и 6:1. Дваесет и осумгодишната Осака (рангирана на 16-то место во светот) сервираше девет аса, направи една двојна грешка и реализираше пет од девет брејк топки.  Нејзината 24-годишна противничка (рангирана на 61. место […]

Израел започна нов бран напади врз цели во Иран и Либан


Израел утринава започна нов бран напади врз цели во Иран и Либан, соопшти израелската армија, пренесе ДПА. „Израелските одбранбени сили започнаа дополнителен бран напади врз инфраструктура на иранскиот терористички режим во централниот дел на Иран“, се наведува во соопштението објавено на платформата Телеграм. Израелската армија соопшти и дека погодила цели на проиранската групација Хезболах во […]