ДУИ бара оставка од директорката на Централниот регистар


По објавувањето на фактите дека во Централниот регистар се реализирани 40 унапредувања без ниту еден Албанец, ова прашање повеќе не може да се третира како административен пропуст. Ова е сериозен чин што бара итна одговорност, реагира ДУИ. „Кога во една јавна институција целосно се исклучува една заедница, тоа укажува на еднострано одлучување и директно нарушување […]

Успешно трансплантирани 16 рожници на Клиниката за очни болести


Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка. -Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив […]

Кајли Џенер ја продава „Хајден Хилс“ за 20,3 милиони долари – пред 3 месеци ја стави на пазарот „Тврдината“ за 48 милиони долари


Ѕвездата на ријалити-шоуата и милијардерка Кајли Џенер ја стави својата долгогодишна вила во Калифорнија на продажба за 20,25 милиони долари – речиси 10 години откако ја купи огромната вила за речиси половина од таа цена. 28-годишната Кајли, која моментално е во многу позната врска со Тимоти Шаламе, ја купи пространата вила на Хиден Хилс од […]

Сијарто признава дека се слушал со Лавров за време на клучни состаноци на ЕУ – тоа било дел од дипломатијата


Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, призна дека редовно контактира со својот руски колега Сергеј Лавров за време на состаноците зад затворени врати на министрите за надворешни работи на ЕУ. Признание дојде откако „Вашингтон пост“ за време на викендот објави дека тој рутински комуницира со Лавров за време на паузите на состаноците во Брисел, што […]

Трагедијата во Кочани го натера и Црвениот крст да се реорганизира


По повод 17 март – Денот на формирањето на Црвен крст и Денот на крводарителството, денеска во Скопје се организира настан посветен на промоцијата на првата помош под мотото „Култура на безбедност – здрава заедница“. На плоштадот „Македонија“ на поставените едукативни пунктови заинтересираните граѓани можеа да присуствуваат на симулации на прва помош со ПП различни […]

Зоран Милановиќ: Македонија треба сама да одлучи дали сака во ЕУ по „секоја цена“


  Патот на Македонија кон ЕУ предолго трае, и тоа не по македонска вина, нагласи претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ на прес-конференцијата по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб. И двајцата се согласни дека тој пат е неоправдано попречуван и оти од земјава се бараат отстапки кои ниту се оправдани, ниту се дел од […]

Министерството за транспорт ќе дава дозволи и за изградба на супермаркети


Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Измените наводно имаат за цел да ги поттикнат инвестициите, да ја зголемат конкуретноста преку побрзи и поефикасни постапки за урбанизација на просторот, отворање на нови работни места и побрз економски развој.   […]

Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо – смета Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски очекува зголемувањето на цената на горивата да има влијание врз инфлацијата, но не големо. Како што изјави денеска, Владата засега интервенира директно од Буџетот зашто вистински се грижи за граѓаните, но има и друг план за следни чекори ако евентуално ескалира кризата. Според премиерот, берзанските цени на бензините, премиум безоловен и дизел, […]

Трајко Славески нема намера да поднесе оставка, вината ја префрли на Собранието


  Гувернерот Трајко Славески денеска отфрли секаква вина за неизборот на двајца вицегувернери и рече дека нема намера да поднесе оставка. Тој додаде дека одлуките на Советот се легитимни иако е истечен мандатот на двете вицегувернери Ана Митерска и Емилија Нацевска. Славески очекува парламентот во следните денови или почетокот на април на дневен ред да […]

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра


Расправата на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Кривичниот суд, беше прекината откако адвокатката Анита Бегова, бранителка на обвинетиот Нехад Нухи, ја напушти судницата, незадоволна од начинот на презентирање на материјалните докази на Обвинителството, по што судот и изрече парична казна од 500 евра.   На денешното рочиште Обвинителството започна со изведување на материјални […]

СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе одржи Конгрес на 7 јуни, најави денеска претседателот на партијата Венко Филипче. Лидерот на опозицијата најави и меѓународен состанок со регионалните сестрински партии со кои ќе потпишат заедничка Платформа за борба против авторитарни режими, борба со корупција и европска интеграција на регионот. -Утревечер во 19 часот, СДСМ ќе одржи Централен […]

Мицкоски: Имаме доволно гориво и струја, можно повлекување мазут од државните резерви


Македонија има апсолутно доволно гориво и не размислува да ја ограничи продажбата, иако и луѓе од соседството точат бензин на нашите пумпи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Подмирени се и потребите за струја, но, сепак е можно повлекување мазут од државните резерви. Како што напомена Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по тркалезната маса во Уставниот […]

Интерконекторот Србија – Бугарија овозможи изградба на нова гасна електрана во Ниш


Според просторниот план на Ниш, Србија, подрачјето северно од селото Крушац е означено како подрачје каде што ќе се гради гасната електрана, а точната локација каде што ќе се наоѓа електраната ќе биде одредена со проектот за урбанистичко планирање, изјави градскиот советник на Ниш, Иван Грмуша. „Моментално сме во фаза на избор на локација. Сè […]

Цените на горивата во Скандинавија експлодираа. Министри до граѓаните: Тргнете ја ногата од гасот


Од ноември 1972 до февруари 1973 година, данските возачи мораа да ги остават своите автомобили паркирани 11 недели поради националните мерки за штедење. Со зголемувањето на цените на горивата низ Скандинавија, како резултат на војната на Блискиот Исток, граѓаните се плашат од слични ограничувања и рекордни цени. И покрај фактот дека цената на безоловниот бензин […]

Кој ќе биде првиот што ќе изгради комерцијална фузиска централа? Трката се загрева (видео)


Германија влегува во сè поинтензивната глобална трка за комерцијализација на нуклеарната фузија. „Проксима Фјужн“ со седиште во Минхен објави партнерство со сојузната држава Баварија, енергетската компанија РВЕ и Институтот за плазма физика „Макс Планк“ за изградба на оперативна фузиска централа поврзана со европската мрежа до 2030-тите. Планираната електрана, наречена „Стеларис“, треба да биде првата што […]

Ни Уставниот суд не може да го смени Уставот, немало политички услови за тоа


Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во изјава за медиумите истакна дека со премиерот Христијан Мицкоски имаат заеднички став дека се  неопходни  институционални реформи и дека треба да се создадат услови за таквите реформи. „За воведување на уставна тужба неопходно е уставна измена. Значи, само со уставна измена може да се воведе таква надлежност на […]

Шанел ги здружи Марго Роби и Кајли Миног во кампања инспирирана од хитот од 2002 година


Ѕвездата од „Барби“, Марго Роби, се појавува во повеќе верзии во новата кампања за чантите Шанел 25, која оддава почит на иконското видео на Кајли Миног од 2002 година за „Come Into My World“. Австралиската актерка ги здружи силите со поп-иконата, а Мишел Гондри, режисерот на оригиналното видео, повторно застана зад камерата. Во кампањата, повеќе […]

„Бура на векот“ ги парализира Канарските Острови – омилената дестинација на многумина


Силната бура што ги погоди Канарските Острови предизвика хаос, масовни евакуации и големи прекини во сообраќајот, а илјадници луѓе, вклучувајќи туристи, беа во опасност. Бурата Тереза, која го погоди архипелагот непосредно пред велигденските празници, донесе обилни дождови, поплави и лизгање на земјиштето што парализираа делови од островите пет дена, пишува Дејли Меил. Најкритичната ситуација во […]

Филипче бара „нула“ ДДВ за основните прехранбени производи и намалување на акцизата за 4 денари


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека мерките на Владата за кризата со горивата не даваат резултат и бара таа да ги прифати предлозите на СДСМ – „нула“ ДДВ за основните прехранбени производи и намалување на акцизата за 4 денари.  „Порастот на цените на енергенсите, на дериватите, на нафтата, на бензините ќе повлече поскапување на […]

Црна Гора го ублажи зголемувањето на цените на горивата со намалување на акцизите


Цените на горивата во Црна Гора денес се зголемија за 5 до 7 центи по литар, откако црногорската влада донесе одлука на крајот од минатата недела да ги намали акцизите на дизел горивото за 50 проценти, а на бензинот за 25 проценти. Цената на евродизелот во Црна Гора моментално е 1,57 евра, на евросупер 98 […]