Николоски го нападна Еди Рама, го поистовети со Енвер Хоџа


  Вицепремиерот Александар Николовски, место да одговори денес на прашање од пратеникот  Амар Мециновиќ, што ќе се преземе за огромните цени на станбениот квадрат во Македонија, го нападна албанскиот премиер Еди Рама како некој кому му се „поклонува“ Левица, која пак била најодговорна за урбанистичката криза, бидејќи создавала хистерија околу градењата. Според него, во Македонија […]

Што подалеку од Трамп: Лидерите на германската АФД му дадоа нови насоки на членството


  Лидерите на германската крајно десничарска Алтернатива за Германија (АфД) тивко се дистанцираат од американскиот претседател Доналд Трамп, додека расте реакцијата околу војната во Иран и се наближуваат важни избори.   Додека обичните членови на АфД продолжуваат да негуваат контакти со претставници на администрацијата на Трамп и републиканците од МАГА – и го сметаат тоа […]

Се степале болничари на Клинички


Во Ургентниот центар се случил инцидент меѓу вработени, откако болничар бил нападнат од свој колега. Случајот бил пријавен вчера, кога 27-годишен скопјанец информирал дека околу пладне, додека бил на работното место во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, бил физички нападнат. Според пријавата, напаѓачот бил негов колега, исто така болничар, соопшти МВР. Од полицијата […]

Која е Ноелија Кастиљо Рамос – Шпањолката што беше силувана, парализирана, а денес ќе биде и еутанизирана


Шпанија се соочува со еден од најемотивните и најконтроверзни случаи во последниве години, бидејќи 25-годишната Ноелија Кастиљо Рамос се подготвува да се подложи на еутаназија денес, по долготрајна правна битка што стигна до европските судови. Она што го издвојува случајот не е само неговата трагична позадина, туку и причината зад него. Според повеќе извештаи, ова […]

Економистите предупредуваат на инфлаторен бран, потребни се повеќе мерки – намалување на акцизите и антимонополски контроли


На Македонија и се неопходни многу повеќе мерки од досега преземените во однос на кризата. Многу подобри ефекти може да се постигнат ако се намалат акцизите зашто тоа директно влијае на цената, а треба да се засили и улогата на антимонополската контрола и на инспекциите, порачуваат економските експерти. Според нив, не треба многу да се […]

Хегсет имаше богослужба во Пентагон: „Секој куршум да си ја најде својата цел“


  ВАШИНГТОН — Министерот за одбрана Пит Хегсет, кој ја организираше својата прва месечна христијанска богослужба во Пентагон откако започна војната во Иран, се помоли во среда „секој куршум да си ја најде својата цел“. „Секој месец е соодветно да се биде токму тука“, им рече тој на собраните цивилни службеници и униформираниот воен персонал. […]

Пожар во затворот „Идризово“


Пожар избувнал по полноќ во затворот „Идризово“, зафаќајќи дел од објектот на затвореното одделение. Инцидентот бил пријавен во 00:21 часот, кога од казнено-поправната установа информирале дека гори кровот на амбулантата во рамки на затворот. На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита од Скопје, која успеала да го локализира и изгасне пожарот. Во настанот нема повредени […]

Во септември на Мавровско Езеро ќе се одржи Светско првенство во лов на крап


Претставници на Македонската риболовна федерација, локалната самоуправа и Националниот парк Маврово го најавија одржувањето на Светското првенство во лов на крап на Мавровското езеро и потпишаа меморандум за соработка. Директорот на НП „Маврово“, Харис Ибраими во обраќањето напомена дека ова е официјална најава на спортски настан од највисок ранг што ќе се реализира во септември. […]

Весна Писаровиќ по концертот во сабота ќе се дружи со публиката во фоајето на Филхармонија


Во сабота (28 март) Скопје ќе биде домаќин на долгоочекуваната средба со Весна Писаровиќ, која по години пауза конечно ќе застане пред македонската публика. Концертот во Филхармонија носи посебна емоција и значење, и не само поради безвременските хитови што ќе одекнат, туку и поради начинот на кој самата уметница одлучи да ѝ се оддолжи на публиката. Имено, на нејзина иницијатива, веднаш по […]

Жерновски прашува што ќе прави власта со Груевски ако Орбан изгуби во Унгарија


  Андреј Жерновски ги коментираше реакциите на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните промени во СДСМ оценувајќи дека очигледно треба да ги предлиожат лицата што работат за нив, за да тие добијат позитивни оценки. Наедно тој го отвори и прашањето за азилантот Никола груевски, со оглед на очекубвањата дека на 12 април неговиот заштитиник Виктор Орбан може да […]

„Кружен луксуз од остатоци до наследство“ – Евгенија Зафировска со нова колекција на уникатна облека и мебел


Дизајнерката Евгенија Зафировска има нова колекција ,,Кружен луксуз од остатоци до наследство“, со потпис на брендот EZ. Таа го редефинира луксузот преку кружна трансформација, претворајќи ги остатоците од луксузен текстил во рачно ткаени модни парчиња и мебел. Инспириранa од филозофијата дека вистинскиот луксуз е вечен и уникатен, проектот ги спасува отфрлените луксузни ткаенини од застареност, […]

АД ЕСМ и ЕСМ Молика апелираат да не се создава паника, затворањето на кујната е вообичаена превентивна постапка


Апелираме да не се изнесуваат непроверени информации и да не се создава непотребна паника. Надлежните институции активно работат на целосно расчистување на случајот, а јавноста ќе биде транспарентно информирана за сите понатамошни наоди, соопштија АД ЕСМ и ЕСМ Молика Битола, а во врска со вчерашното труење со храна на работници од кобинатот. Во соопштение за […]

Мицкоски: Колективниот договор усогласен со УПОЗ и САДУ, помина на владина седница


Вработените во образованието ќе го добијат покачувањето на мартовската плата, кое е дел од колективниот договор, исто како што ќе го добијат и вработените во здравството и сите од државната и јавната администрација, кои се со колективни договори потпишани од оваа Влада. Тоа го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање за тоа […]

Странците во Албанија лани потрошиле 5,72 милијарди евра, Албанците во странство три милијарди


Странските туристи минатата година во Албанија потрошиле 5,72 милијарди евра, што е зголемување за 15 отсто, споредено со претходната година. Податоците на Централна банка на Албанија покажуваат дека највисокото ниво на трошоци е забележано во екот на туристичката сезона, во третиот квартал од годината, кога достигнало 2,3 милијарди евра, во споредба со 1,9 милијарди евра […]

Меланија нѐ нарекла „Македонија“, грчката амбасада ја коригирала


  Грчката амбасада во Вашингтон презела формални мерки по говорот на Меланија Трамп во кој таа ја нарече Република Северна Македонија едноставно „Македонија“. Интервенцијата била објаснета како корективна мерка наменета да се почитуваат правните стандарди од Преспанскиот договор од 2018 година. За време на нејзините говори на еден настан со висок профил претходно оваа недела, […]

Кога „Глумците пеат“, Скопје се забавува (фото)


Македонската музика блесна во ново руво на двете вечери на „Глумците пеат“ во МНТ, шоу кое Скопјани со нетрпение го очекуват, наследство на Марин Бабиќ, кој го создаде во 1990-тите, а денес продолжува преку неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ. Повеќе од 50 уметници, со специјална кореографија (Олга Панго) и костими ( Марија Папучевска), годинава […]

Крива Паланка изработи зелен катастар


Општина Крива Паланка успешно го заврши процесот на изработка на Зелениот катастар, современ систем за евидентирање, следење и управување со зелените површини и дрвенестите растенија во урбаните делови на градот. Во рамки на овој процес беше спроведено сеопфатно теренско снимање, при што се евидентирани околу 5.000 дрвенести растенија на територијата на урбаниот дел. Податоците се […]

За опозицијата поскапувањата се „брутални“, за власта, пак, „не се енормни“


Поскапувањата со кои што секојдневно се соочуваат граѓаните во маркетите и на зелените пазари, се гледаат со различна диоптрија од страна на власта и на опозицијата. Тое денес се виде и на седницата посветена на пратенички прашања, откако пратеникот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, наброја повеќе производи кои што имаат значително повисоки цени во […]

МАПАС: Членовите на пензиските друштва да ги ажурираат податоците за да го добијат „Зелениот плик“ навреме


Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС апелира граѓаните навремено да ги ажурираат своите податоци со цел да можат навремено да добијат информации од пензиските друштва за состојбата со нивните сметки. Граѓаните треба да ги проверат и ажурираат нивните лични податоци, да пријават евентуална промена на адреса или контакт информации.  -Со цел поголема […]

Возел без возачка и пијан, 21-годишникот што смртно прегази пешак во Марино


Возачот кој смртно прегази 52-годишен маж во Марино не поседувал возачка дозвола и бил под дејство на алкохол.  – Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за  – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од […]