Воз во близина на Бјеловар удри во паднато дрво, излета од шините. Има повредени


Патнички воз на Хрватски железници денес излета од шините помеѓу станиците Бјеловар и Клоштар откако удри во паднато дрво на пругата. Според компанијата за патнички возови Хрватски железници, станува збор за воз број 787, кој сообраќал помеѓу Главната станица Загреб и Вировитица. Несреќата се случила во 17:40 часот. Во возот имало околу четириесет патници, а […]

Судот го прогласи штрајкот на контролорите за незаконски, М-НАВ најави кривични пријави


Основниот граѓански суд Скопје повторно го забрани како незаконски штрајкот на Синдикатот на контролорите на летање (ССКЛ), кој беше најавен за крајот на октомври. Поднесена е кривична пријава против претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски, за злоупотреба на службената должност, а утврден е и идентитетот на вработениот што одавал деловни тајни на порталот „Буревесник“ – соопшти […]

Хамилтон: Се трудиме да напредуваме, но Мерцедес и натаму има предност


Возачот на Ферари Луис Хамилтон сезонава има 33 бодови откако првата трка во Австралија ја заврши на четвртото место, а во Кина има подиум (трето место). Притоа истакна дека тој и неговиот болид се подготвени сезонава. –  Не сум изгубил, она што го имав. Чекор по чекор, се трудиме да напредуваме, но Мерцедес и натаму […]

Пред доделувањето на „Порин“ за посебни заслуги – Влатко Стефановски претстави два нови албуми во Сплит


Пред доделувањето на наградите „Порин“ за посебни заслуги, кои вечерва ќе ги прими на концертот во Сплит, прославениот македонски гитарист Влатко Стефановски одржа прес-конференција на која ги претстави своите два нови изданија – авторскиот албум Muscle Memory и проектот Guitar Things, во издание на Croatia Records. Станува збор за исклучително продуктивен период за еден од најценетите гитаристи […]

Љутков: Буџетот за култура е зголемен, за Законот за македонскиот јазик ќе се одржи јавна расправа


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска од собраниска говорница истакна дека Буџетот за култура се обезбедува од Владата, дека е зголемен и дека сега изнесува над четири милиони денари.  Одговарајќи на пратеничко прашање на Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ тој на нејзините обвинувања рече дека нема казнет вработен и во националните установи и […]

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска плата вработените во култура според колективен договор?


Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската седница за пратенички прашања упати остри критики до министерот за култура Зоран Љутков, обвинувајќи го за недоследности во одговорите, непознавање на документите што ги потпишува и непочитување на законските обврски. Нејзините три пратенички прашања се однесуваа на нетранспарентноста во работењето на Министерството, доцнењето и контрадикторностите во одговорите, како […]

Во Велес се поставува опрема за реализација на „Безбеден град“, почеток е најавен за крајот на јули


Министерството за внатрешни работи односно Секторот за внатрешни работи Велес деновиве поставува камери на главните улици на Велес. Се врши монтажа на каблите, металните сандачиња, столбовите и камерите. Според првичните информации од претставник на СВР Велес на една од последните седници на Општина Велес, стартот на „Безбеден град“ во Велес се најавува кон крајот на […]

Трамп: Иран врз базата Диего Гарсија лансира ракета која „наводно ја нема“


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран истрелал ракета врз британската воена база Диего Гарсија, која „наводно ја нема“, и оти е разочаран од одговорот на членките на НАТО, а особено од Велика Британија, на барањето за помош во војната со Иран. Говорејќи за иранскиот напад со балистички ракети врз британско-американската воена база Диего […]

СДСМ: Ако Мицкоски сака борба со корупцијата и криминалот, требаше прво сам да се уапси


СДСМ реагира на денешното обраќање на премиерот Христиојан Мицкоски во Собранието каде што му кажуваше што да работи на новиот јавен обвинител Ненад Савески. „ Христијан Мицкоски денеска му делеше задачи на новиот јавен обвинител од собраниската говорница – што да прави, како да постапува, кого да гони, кои предмети да ги отвора. Исто како […]

Прогнози за раст на БДП во Европа за 2026 година: Македонија не е во првите пет (инфографика)


Се предвидува дека бруто домашниот производ (БДП) на Европа ќе порасне за само 2,3% во просек во 2026 година, оптоварен од бавниот раст на главните пазари во еврозоната како што се Франција, Германија и Италија. Сепак, се очекува другите региони да забележат побрз економски раст, особено во Јужна и Источна Европа. Инфографик: Visualcapitalist.com Оваа мапа […]

Атила Клинче добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2026


Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2026 година се доделува на Атила Клинче, (1958, Гостивар),  актер во пензија од Театар на народностите-Турска драма. Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко, паричен износ од 30.000 денари и цветен аранжман. Наградата на актерот Атила Клинче, ќе му биде врачена на пригодна свеченост […]

Македонските фудбалери ќе имаат поддршка од македонски навивачи во Копенхаген


Копенхаген – Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Паркен стадионот во Копенхаген играат бараж дуел со Данска за настап на Светското првенство 2026. Како и на сите гостувања така и на ова македонските фудбалери ќе ја имаат поддршката од македонските фанови, кои веќе се во главниот град на Данска. За таа цел организиран е и фан […]

„Фајненшел тајмс“: Русија го вооружува Иран со напредни дронови


  Русија наводно ја завршува испораката на дронови, лекови и храна за Иран, што сигнализира потенцијална ескалација на поддршката за Техеран по неодамнешните напади на САД и Израел. Според „Фајненшел тајмс“ (ФТ), руските и иранските претставници тајно започнале да разговараат за испораките на дронови неколку дена по американските напади врз Техеран, а испораките веќе се […]

Дојран ќе добие инклузивна плажа


Во рамки на проектот „Пристапност и инклузија за сите до јавните туристички добра и услуги” (TX4ALL) во кој учествува Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, ќе се направи инклузивна плажа на брегот на Дојранското Езеро. Проектот се спроведува преку Интеррег VI-A ИПА Програмата помеѓу Македонија и соседна Грција. Како што соопштија од Центарот за […]

Извршниот директор на „Голдман Сакс“: Последиците од војната во Иран ќе потраат


Извршниот директор на „Голдман Сакс“, Лојд Бланкфејн, посочи на големите осцилации на енергетските пазари во последните недели, додека инвеститорите се обидуваат да се справат со последиците од конфликтот и да го земат предвид трајното влијание на нарушените глобални резерви на нафта. Во тој контекст, тој рече дека инвеститорите треба да избегнуваат импулсивни тргувања во корист […]

Херцеговските градови побелеа од силен град, проследен со грмежи, во делови од земјата – снег


Најавената бура ја погоди Херцеговина попладне, а во некои области земјата побеле поради силниот град. Во Мостар падна силен дожд со град, придружен со силен јужен ветер и грмежи. За ова сведочат снимки од мостарската населба Мазољице, каде што се видливи големи количини град. Слична ситуација е забележана во Неум и Меѓугорје, каде што граѓаните […]

За лажните дојави за поставени бомби во Тетово приведени тројца малолетници


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денес лишиле од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки […]

Македонија одвојува 2,13 отсто од БДП за одбрана: Извештај на НАТО


  Европа и Канада ги зголемија своите трошоци за одбрана за една петтина минатата година, според годишниот извештај на НАТО објавен во четвртокот, и покрај значителниот јаз во трошоците во рамките на Алијансата. Како знак за тоа како руската агресија и заплашувањето на Доналд Трамп ги туркаат сојузниците да трошат повеќе за одбрана, сите 32 […]

Нето надворешниот долг на крајот на минатата година бил поголем за 102 милиона евра


На 31.12.2025 година, нето надворешниот долг изнесуваше 4,58 милијарди евра (или 27,1 отсто од БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2025 година, е зголемен за 102 милиона евра, или за 2,3 отсто. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71%, стои во редовното […]

Германските бензински пумпи ќе смеат само еднаш дневно да ги зголемуваат цените на горива


Германскиот парламент денеска донесе пакет мерки за спречување на растот на цените на горивата, а главната мерка е забрана за повеќекратно зголемување на цените во еден ден, како и зголемување на ингеренциите на Канцеларијата за борба против картелите за контрола на движењето на цените на горивата. На бензинските пумпи ќе им биде дозволено само еднаш […]