Фестивалот „Преку езерото“ во Дојран отворен со врачување на наградата „Мето Јовановски“ на актерот Лазар Ристовски


Во амфитеатарот во Дојран синоќа свечено беше отворен четвртиот Фестивал на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ и на српскиот актер Лазар Ристовски му беше врачена наградата „Мето Јовановски“ за високо достигнување во уметноста на филмот. Како што информира организаторот на фестивалот, во преполниот амфитеатар беше прикажан филмот „Кога летото ќе заврши“ на Данис Тановиќ, […]

Светски познатиот виртуоз на пијано Плетњов одржа концерт за паметење на Охридско лето


Музичката програма на „Охридско лето“ синоќа продолжи со солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов. Во катедралната црква „Света Софија“ пред бројната публика Плетњов изведе избрани дела на Бах, Шуман и Григ. Неговото маестрално музицирање, брилјантната техника и нагласениот музички сенс беа наградени со долготраен аплауз и стоечки овации. Плетњов на годинешново […]

Блумберг за оживањето на усташтвото во Хрватска: „Духот е пуштен од шишето“


  Иако Хрватска им изгледа како идилична летна дестинација на милиони туристи, во средината на шпицот на сезоната, оваа балканска земја се соочува со своето темно минато, пишува Блумберг во голема анализа потпишана од новинарките Јасмина Кузмановиќ и Андреа Дудик. Ова минато, велат тие, сѐ повеќе се одразува во музиката и политиката, а Марко Перковиќ […]

Пит Хегсет репостирал видео кое вели дека на жените не треба да им се дозволи да гласаат


  Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, неодамна сподели видео во кое неколку пастори велат дека на жените повеќе не треба да им биде дозволено да гласаат, што предизвика една прогресивна евангелистичка организација да изрази загриженост. Хегсет реобјави сегмент од Си-Ен-Ен на Икс во четвртокот, кој се фокусира на пасторот Даг Вилсон, христијански националист кој […]

Времето денеска од топло потопло


  Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени. […]

10 август во историјата – Се самоуби Клеопатра


  На 10 август, 30 година п.н.е. (некои научници велат дека на 12 август), Клеопатра, кралица на Египет и љубовница на Јулиј Цезар и Марко Антониј, си го одзема животот по поразот на нејзините сили против Октавијан, идниот прв император на Рим. Клеопатра, родена во 69 година п.н.е., била прогласена за Клеопатра VII, кралица на […]

Во Охрид одржана церемонија во чест на Светлана Мојсов, годинешна добитничка на Светската награда на хуманизмот


На големиот празник посветен на Свети Климент Охридски кој бил основач на средновековната школа по хуманизам , денеска напладне во куќата на Уранија на МАНУ беше врачена наградата за хуманизам за 2025 на Светлана Мојсов, а ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Мојсов не присуствуваше на денешната церемонија на која требаше да и биде врачена […]

Четворица астронаути се вратија на Земјата по пет месеци поминати на Меѓународната вселенска станица


Лос Анџелес – Екипаж од двајца американски, еден руски и еден јапонски астронаут денеска се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица, каде поминаа пет месеци. Слетувањето на капсулата „Драгон“ на компанијата „Спејс Икс“ успешно е извршено во близина на Калифорнија, покажуваат видеа емитувани од вселенската компанија. Американките Ен Меклејн и Никол Ајерс, Русинот Кирил […]

ДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори


Државната изборна комисија (ДИК) го утврди упатството за начинот и постапката на утврдување на просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали кои не учествувале на последните пет изборни циклуси.  Радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали се должни во рок од пет […]

Летото не ја „олади“ инфлацијата


  Инфлацијата во јули оваа година се искачи на 4,8 отсто годишно, а 1,1 на месечно ниво, поттикнувајќи ги повторно стравувањата дека битката против овој невидлив данок на стандардот е далеку од добиена. Она што загрижува е што инфлацијата повторно доби на динамика во летните месеци, кои традиционално придонесуваа за смирување на цените, односно за […]

Макрон повтори дека иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците


Париз – Иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците, повтори денеска францускиот претседател Емануел Макрон, кој разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на средбата меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска на 15 август, чија цел е да се стави крај на војната во […]

Ема Томпсон вели дека Доналд Трамп ја поканил на состанок: „Можев да го сменам текот на американската историја!“


Доналд Трамп ја поканил Ема Томпсон на состанок, откри актерката добитник на Оскар на Филмскиот фестивал во Локарно. „Телефон заѕвони во мојата приколка и тоа беше Доналд Трамп. Мислев дека е шега. „Здраво, тука е Доналд Трамп“, откри Томпсон. „Реков: „Како можам да ви помогнам?“ Мислев дека му требаат насоки. Тој рече: „Би сакал да […]

За Путин има распишана потерница. Зошто Американците нема да го уапсат?


Кога рускиот претседател Владимир Путин ќе отпатува во Алјаска следната недела за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, тој ќе може да го стори тоа без страв од апсење. Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин во 2023 година, но ниту Русија ниту САД не се потписници на Римскиот статут, […]

Давеникот пронајден кај Трпејца е нуркач


Според најновата неофицијална вест од Охрид давеникот чие тело попладнево е пронајден кај Трпејца е нуркач. Според очевидци на чинот на пронаоѓање на давеникот се работи за лице кое е облечено во нуркачко одело кое имало опрема за нуркање. Засега нема официјални податоци за инцидентот. Предходно портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски не ја потврдува […]

Апел од ЈП Водовод и канализација скопјани рационално и внимателно да ја користат водата


ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење поради енормно зголемена потрошувачка. -Дневното производство достигнува и над 350 000 метри кубни вода. Апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување […]

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември


 Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 128 седница ги усвои роковите за сите дејствија за одржување на Локалните избори 2025, откако претходно денеска нив ги распиша претседателот на Собранието, Африм Гаши.  Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а […]

Турист од Бугарија исчезнал додека нуркал кај Трпејца


Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца.  Тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот  клуб „Амфора“ преземаат мерки за негово пронаоѓање.  -На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал […]

Почина астронаутот Џим Ловел, командантот на мисијата „Аполо 13“


Астронаутот Џим Ловел, командант на историската мисија „Аполо 13“ и еден од пионерите на американската вселенска програма, почина на 7 август во Лејк Форест, Илиноис, на 97-годишна возраст, соопшти НАСА. Во изјавата на вршителот на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи, се наведува: „НАСА им изразува сочувство на семејството на капетанот Џим Ловел, чиј живот […]

Рафаел Надал стана татко по втор пат


Рафаел Надал и неговата сопруга, Мери Перело, станале родители по втор пат, објавија шпанските медиуми. Мери се породила на 7 август и родила син, а момчето наводно го добило името Микел по нејзиниот татко, кој починал во 2023 година. Како што објавија шпанските медиуми, породувањето поминало добро, а мајката и бебето ја напуштиле болницата и […]

Ликовна колонија „Галичник 2025“ од 12 до 18 август


„Постмеморија – Одек на тишината“ е темата на годинашната Ликовна колонија „Галичник“ која по 36-ти пат ќе се одржи од 12 до 18 август во Галичник.  Како што наведува организаторот, темата е инспирирана од истражувањата на Мериен Хирш, Алејда Асман, Ролан Барт и В.Г. Зебалд, „кои се занимаваат со тоа како трауматичните историски искуства, иако […]